Зошто е потребно да носите ортопедски градници?

Ние ве разбираме дека досега сте носеле градници, и зошто сега кога имате протеза треба да носите специјален ортопедски градник, кога можете да сошиете џеб во вашиот омилен градник. Но не е така едноставно. Во продолжение ви објаснуваме зошто.

1. Можете да видите дека ортопедскиот градник го подобрува обликот и формата на градите. Специфичниот дизајн овозможува да се скријат лузните за разлика од стандардните градници.

2. Кај ортопедскиот градник, растојанието помеѓу прерамки е пократко, за разлика од стандардните градници. На овој начин ортопедскиот градник овозможува подобра поддршка.

3. Удобните и широки прерамки на ортопедските градници ја поддржуваат формата на градите без да прават дополнителен притисок на рамената. Некои градници имаат пошироки прерамки за дополнителна удобност.

4. Централниот дел од градниот кош е многу битен но кај стандардните градници не се обрнува многу внимание заради подобар изглед на корпата. Ортопедскиот градник ја покрива протезата, овозможува подобро држење, и ги прекрива лузните од операцијата.

5. Широкиот појас под корпите нуди подобра стабилност и поддршка, со што ви даваат сигурност дека протезите нема да се поместат.

6. Прерамките се удобни и прилагодливи на секој градник.

7. Во зависност од големината на градниот кош, може да има повеќе нитни за закопчување, за подобра поддршка во задниот дел.

8. Страничните рабови под рацете се пошироки, за да се прекријат лузните од операција и изгореници од зрачната терапија, и за подобро држење на градникот.

Совршен пар

Изборот на соодветен градник може да влијае врз тоа како ја чувствувате вашата протеза. Најголема корист ќе имате доколку направите комбинација на градна протеза со ортопедски градник.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial