Услови за испорака

Испораката се врши само на територијата на Република Македонија.

Рок на испорака

Откако ја потврдивте нарачката на производите и штом ќе помине периодот на преавторизација на средствата, во рок од три работни дена, ќе Ве контактира лице од Медикус Хелп, задолжено за координирање на испораката на Вашата нарачка. За сите нарачки направени во петок или за време на викендот, лицето ќе Ве исконтактира на почетокот на наредната недела. Работното време на нашиот продавач е од 8 до 16 часот од понеделник до петок. Од моментот на телефонска потврда на податоците рокот на испорака е до 5 работни дена. Најчесто времето на испорака е за 3 работни дена.

Превземање на пратки

Курирот ја доставува пратката до одредената адреса на купувачот во периодот од 09:00 до 16:00 часот. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас. Откако истата ќе ја добиеме ќе Ве исконтактираме за причината за неподигнување на нарачката, со можност повторно да се договориме за ново испраќање.

 

 Ценовник за достава 
 Тежина  Испорака во Скопје  Испорака во Македонија
0 – 200 гр. 140,- ДЕН 140,- ДЕН
200 – 500 гр 150,- ДЕН 150,- ДЕН
500 – 1 кг. 160,- ДЕН 160,- ДЕН
1 – 2 кг. 170,- ДЕН 170,- ДЕН
2 – 5 кг. 180,- ДЕН 180,- ДЕН
5 – 10 кг. 220,- ДЕН 220,- ДЕН
10 – 30 кг. 250,- ДЕН 250,- ДЕН
30 – 40 кг. 310,- ДЕН 310,- ДЕН

 

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial