Услови на користење

Медикус Хелп Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во согласност со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.medicushelp.com.mk

Користењето на оваа веб страница значи дека сте  запознаени со овие услови доколку го користите било кој дел од нашиот портал, како и дека прифаќате дека користењето на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.

ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА

МЕДИКУС ХЕЛП ДООЕЛ Скопје

Адреса: ул. „Бел Камен“ бр. 7, 1000 Скопје, Македонија

Тел: 02 / 3220 745

email: info@medicushelp.com.mk

WEB: www.medicushelp.mk

Tрансакциска с-ка: 300000001602573

ЕМБС: 4583949

ЕДБ: 4030993120848

Шифра на дејност: 46.46    (47.74)

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.

  1. Општи одредби

Медикус Хелп ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.

Медикус Хелп ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација ниту било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

Медикус Хелп може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

  1. Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)

Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.medicushelp.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.

Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

  1. Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

  1. Кориснички блог

Медикус Хелп го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив.

Сите инфорамации во врска со трансакцијата на купувач – онлајн продавницата на Медикус Хелп, се сметаат за деловна тајна и се третираат согласно законските прописи на Република Македонија.

КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА

Креирање на налог

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ, каде што потоа ви се отвараат полиња каде што потребно е да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на вашиот емаил ќе ви пристигне потврда за успешна регистрација.

Избор на производи

На почетната страница поставено е мени shop каде може да избере разгледување на производите според категорија: ортопедски перници, анатомски обувки, спорт фитнес и рехабилитација, ортопедски помагала, аерозаштита и нега и хигиена. Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со достапни производи. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите под сликата. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на производот, намената и сл. Под производот ќе забележите поле “БРЗ ПРЕГЛЕД”. Кога ќе го притиснете тоа поле ќе можете да го видите производот од повеќе агли, да ја одбеерете посакуваната боја и големина.

При преглед на производите кои се достапни за купување, ќе забележите под производот поле „ОПИС” и „ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ“. Кога ќе го притиснете тоа поле ќе можете да ги прочитате карактеристиките на производот, состав, боја, големина и тежина.Со притискање на полето “ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА” ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.

Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

Нарачување на производи од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнете на копчето за “ПРОДОЛЖИ КОН ПЛАЌАЊЕ” за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил.  Кога сте подготвени да извршите купување потребно е да одберете адреса на испорака,  и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето кое се врши со платежна картичка.

Напомена – испораката е на трошок на купувачот и чини според тежината на пратката според следниот ценовник:

Ценовник за достава
Тежина Испорака во Скопје Испорака во Македонија
0 – 200 гр. 140,- ДЕН 140,- ДЕН
200 – 500 гр 150,- ДЕН 150,- ДЕН
500 – 1 кг. 160,- ДЕН 160,- ДЕН
1 – 2 кг. 170,- ДЕН 170,- ДЕН
2 – 5 кг. 180,- ДЕН 180,- ДЕН
5 – 10 кг. 220,- ДЕН 220,- ДЕН
10 – 30 кг. 250,- ДЕН 250,- ДЕН
30 – 40 кг. 310,- ДЕН 310,- ДЕН

 

Плаќање

Плаќањето е исклучиво со VISA EC/MC или Maestro картичка.

Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се вратите на страната на кошничката со клик на полето “ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ”. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за корпа.

Достава

Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.

Рокот на испорака е 5 работни дена. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден. Работното време на нашиот online shop е од 8 до 16 часот во текот на неделата.

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 8 до 16 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Доколку курирот не Ве пронајде на адресата, вообичаена пракса е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го впишале при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин за достава. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

По потврдување на нарачката, ќе Ве контактира техничко лице од Медикус Хелп ДООЕЛ, Македонија, задолжено за координирање на испораката на Вашата нарачка. Рокот на испорака е до 5 работни дена.

РЕКЛАМАЦИИ

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 02 / 3220 745 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@medicushelp.mk  и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

Замената на производот може да ја направите во договор со нашите координатори за онлајн продажба.

Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена

НЕ МОЖЕ да извршите замена на производот во продавниците на Медикус Хелп.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

Во име на компанијата Медикус Хелп се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно  деловните пракси  со цел давање квалитетна услуга.

На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата.

Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на менаџерите од ИТ Секторот, на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Менаџерите од ИТ секторот за техничка подршка во компанијата Медикус Хелп се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Комерцијална банка која е серфитицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.

ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ

Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, МЕДИКУС ХЕЛП  има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial