Цервикалгија – Болка во вратот

Терминот цервикалгија означува болка која е лоцирана во цервикалниот (вратен) дел на ‘рбетот, а не во други области, како на пример во рацете или долниот дел на грбот. Се препоставува дека поголем дел од населението барем еднаш во животот имале цервикалгија.

Како настнува цервикалгијата?

Цервикалгија се јавува како последица на лошо држење на телото или долги периоди кога е вратот искривен (како на пример кога спиете или работите на биро). Исто така се јавува како последица на повреди како ненадејно движење на вратот и стрес што доведува до стегање на мускулите на вратот и рамото.

Кои се симптомите?

Се манифестира со болка која е лоцирана во вратниот дел, вкочанетост на мускулите на вратот и рамениот појас. Болката може да се пренесе надолу до рамената и да се јави  еднострана или двострана главоболка, како и вртоглавица.

Како се лекува цервикалгија?

Лекувањето зависи од тоа која е причината за цервикалгија. Во повеќето случаи лекувањето е конзервативно со помош на помагала и вежби.

Помагала кои се препорачуваат се шанцова кравата кој ја држи главата го ограничува движењето и на тој начин се отстранува притисокот и болката во вратот. Исто така многу е важно да се спие на ортопедска перница со анатомска градба која служи како замена за шанцовите кравата при спиење.

Истегнување на вратот и вежби се најважниот дел во третманот на цервикалгија. За истегнување и релаксација на вратот се препорачува релаксатор за врат кој прави истегнување на вратните пршлени и на тој начин го намалува притисокот во вратот а со тоа болката и вкочанетоста.

Најважен дел од третманот се и вежби за истегнување на мускулите околу вратот како и вежби за јакнење на мускулатурата на вратот и рамениот појас.

Вежба бр. 1

  • Седнете на стол, исправени во грбот и главата (се препорачува оваа вежба да се прави пред огледало).
  • Поместете ја глвата кон левото рамо, задржете 5 секунди, потоа исправете ја главата.
  • Поместете ја главата кон десното рамо, задржете 5 секунди потоа исправете ја главата.

Вежба бр. 2

  • Седнете на стол, исправени во грбот и главата (се препорачува оваа вежба да се прави пред огледало).
  • Брадата поместете ја нанапред кон клучната коска задржете 5 секунди, потоа исправете ја главата.
  • Поместете ја главата наназад кон потпирачот на столот задржете 5 секунди потоа исправете ја главата.

Вежба бр. 3

  • Седнете на стол, исправени во грбот и главата (се препорачува оваа вежба да се прави пред огледало).
  • Подигнете ги рамената истовремено и задржете 5 секунди.

Вежба бр. 4

  • Седнете на стол, исправени во грбот и главата (се препорачува оваа вежба да се прави пред огледало)
  • Потребна ви е еластична лента со отпор која ја поставувате околу главата и со една рака ја држите.
  • Лентата ја држите со левата рака, а главата ја движите кон десното рамо и задржувате 5 секунди, потоа ја исправете главата.
  • Лентата ја држите со левата рака и ја поместувате брадата кон десното рамо задржувате 5 секунди, потоа ја исправате главата.
  • Лентата ја држите со десната рака, а главата ја движите кон левото рамо, заджувате 5 секунди, потоа ја исправате главата.
  • Лентата ја држите со десната рака и како предходно, брадата ја поместувате кон левото рамо.

*Вежбите се повторуваат неколку пати во текот на денот.

Автори:

Д-р Дарко Василевски

Сашо Цветановски – физиотерапевт

За сите прашања во врска со ортопедските производи пишете ни на: sovet@medicushelp.com.mk

 

Нашиот стручен тим од доктор и физиотерапевт ќе ви одговорат.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial