Третман на вратна спондилоза со медицинска перница

Долготрајното седење е главниот виновник што се јавуваат дегенеративни промени на `рбетот кај помлада популација. Повремените болки и вкочанетост во вратот и грбот проследени со главоболка и трпнење на рацете, јасно укажуваат на спондилоза. Ова заболување е најчесто кај лица кои 8 часа дневно `рбетот го изложуваат на големи оптоварувања поради неправилна положба, вклучувајќи и седење. На дегенеративните промени на `рбетот покрај генетскиот фактор влијаат и недостатокот на физичка активност, неправилната исхрана и стресот.

Покрај физикална терапија и медикаменти, важен дел од третманот е и соодветна перница за спиење. Како дел од лекувањето и превенција од понатамошно влошување на спондилозата се препорачува користење на медицинска ортопедска перница, која ја третира спондилозата во текот на ноќтта. Цервикалната ергономска перница C100 е единствена перница која е регистрирана како ортопедско помагало. Предностите на оваа перница во споредба со другите перници на пазарот се следни:

1. Различна текстура на перницата
Цервикалната ергономска перница е изработена од полимери со „MEMORY“ ефект или висока еластичност. Бидејќи секој дел од телото има своја морфологија и различна тежина, потребни се различни нивоа на цврстина. Затоа перницата има два типа на текстура:

Сина пена: има средно цврста текстура за оптимална поддршка на делот од вратот
Бела пена: сунѓереста текстура за поголем комфорт.

2. Намалување на точките на притисок и подобрување на цервикалната поддршка
Ергономската перница ги намалува точките на притисок, ги ослободува мускулите од тензија и го олеснува дишењето. Поради иновативната ергономска форма и степенот на густина на пената, ја подобрува цервикалната поддршка и го намалува притисокот на черепот.

Обична перница – нема цервикална поддршка бидејќи има мал контакт помеѓу пршлените и перницата. Не ја следи природната линија на `рбетот, со што прави голем притисок на целата регија.
Цервикална перница – Одлична цервикална поддршка како резултат на контакт на вратот со перницата и следење на природната линија на `рбетот. Намален притисок врз главата.

3. Ергономска поддршка која ја следи природната кривина на вратот
Цервикалната перница преку следење на природната кривина на вратот овозможува одлична поддршка, со што ги намалува болките при будење. Посебниот зглоб на перницата се прилагодува според положбата на спиење, што овозможува дополнителна удобност без разлика дали се спие на грб или на страна.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial