Медикус Хелп се традиционални соработници и пријатели на Здружението на Физиотерапевти на РМ. Нивниот богат асортиман на најсовремени и квалитетни производи, ортопедски помагала и реквизити за спортисти и рекреативци се важен дел од секојдневната пракса на нашите колеги. Ни помагаат во рехабилитацијата на нашите пациенти, но и во нашата мисија за подигање на свеста кон физичката активност на населението од заедницата. ЗФРМ и Медикус хелп за поквалитетна физиотерапија и за физичка активност до подобро здравје!
Здружение на Физиотерапевти на Република МакедонијаБидејќи поголемиот дел од денот го поминуваме во седечка положба пред персоналните компјутери, решивме да набавиме соодветни столчиња. Истражувавме што е најдобро, што е ново и дојдовме до информација дека физио топката е идеална замена за класичното канцелариско столче. Ги набавивме од Медикус Хелп и веќе неколку месеци ги користиме. Многу бргу се навикнавме на нив, навистина овозможуваат правилно држење на телото, а воедно и вежбање.
Калин Бабушку/Петар Лазарoв/ Македонија ЕкспортЗа убав естетски резултат потребни се и квалитетни производи. Благодарение на Медикус Хелп во Македонија го имаме најизвесниот светски бренд за импланти, кои ги користам за естетска и реконструктивна хиругија на дојка.
Др.Огнен Даскалов – Субспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија, ПЗУ “Др.Даскалов “Долгогодишен поддржувач и пријател на Борките во многубројни активности и настани, организирани од нашето Здружение во борба против карциномот на дојка. Благодарност до Медикус Хелп. Заедно сме посилни!
НВО БОРКА – За секој нов ден“Медикус Хелп“ од Скопје е официјален соработник на федерацијата во делот на набавка на спортски медицински помагала и сите други неопходни средства за потребите на кошаркарските репрезентации на Македонија. Медикус Хелп од Скопје, шест (6) години е соработник на Македонската кошаркарска федерација и секогаш професионално и навремено го исполнува својот дел од обврските. Македонската кошаркарска федерација е задоволна од соработката со Медикус хелп од Скопје и во иднина ќе продолжи да ја остварува заедничката соработка во набавка на неопходните медицински помагала на сите репрезентативни кошаркарски селекции на Македонија.
Дејан Лекиќ – Генерален секретар на Кошаркарска федерација на РММакедонското физиотерапевтско здружение и Медикус Хелп се долгогодишни пријатели кои заеднички се трудат да го подобрат квалитетот на животот на пациентите на кои им е потребна рехабилитација. Физиотерапевтите како водичи во процесот на рехабилитација секогаш имаат потреба од соодветни и квалитетни ортопедски помагала, па затоа тука е Медикус Хелп да ни помогне да го направиме вистинскиот избор. Заедно до успешна и брза рехабилитација!
Македонско физиотерапевтско здружение