Скокачко колено

Пателарен тендинитис, или познат како скокачко коленo, се јавува кога тетивата на пателата е преоптоварена со подолга физичка активност или спорт. Физичката активност им дава дополнителен стрес на мускулите и тетивите. Како резултат на ова се јавуваат ситни солзи во тетивата, преку кои телото се обидува да ја санира повредата. Но, како што се зголемуваат солзите во тетивата, тие предизвикуваат болка и слабеење на тетивата. 

Кои се симптомите?

Болка – е првиот симптом на пателарен тендинитис, обично помеѓу  пателата (капачето) на коленото и таму каде што тетивата се спојува на потколеницата. Болка при свиткување и исправување на подколеницата.

Оток – како и кај повеќето повреди така и овде може да настане благо отекување на зглобот на коленото со самото тоа и намален опсег на движење.

Непријатност или чувство на болка за време на дневните активности – пателарната тетива помага да се прошири коленото со цел  да се исправи ногата за време на дневните активности, како што се удирање, качување и симнување по скали.

Исто така во многу ретки може да се јават модринки и црвенило под пателата.

Како се лекува?

Најдобро е со лекување да се почне веднаш. Но најчесто на лекар се јавуваат кога симтомите се многу изразени. Се препорачува носење на ортози (ортопедски помагала) корективни влошки и физикална терапија (вежби).

Ортозите помагаат во намалување на болката и ограничување на движењата на коленото и самата патела. Тука се препорачуваат ортози кои содржат силиконско перниче со цел намалување на воспалението на тетивата.

Корективни влошки кои служат за растеретување на згобовите на долните екстремитети.

Вежбите за колено и долни екстремитети се дел од процесот на лекување на скокачко колено. Со зајакнување на мускулите на коленото се зголемува неговата функционалност, се подобрува црикулацијата со самото тоа се намалува болката и воспалението на тетивата.

Вежба бр. 1

  • Застанете исправено, задржете се на ѕид или стол
  • Со едната рака фатете ја болната нога
  • Ја свиткувате ногата до максимална контракција и истегнување на мускулот
  • Задржувате 2-3 минути

Вежба бр. 2

  • Легнете на грб и нозете свиткајте ги во колено под агол од 90 степени
  • Подигнете ја болната нога кон колк и истовремено исправете ја во колено.
  • Овие движења повторете ги минимум 10 пати

Вежба бр. 3

  • Потпрете се на ѕид и задржете се со рацете
  • Свиткајте ги нозете под 90 степени во колк, 90 степени во колено а телото да биде прилепено за ѕид
  • Помеѓу двете нозе поставете мека топка
  • Потоа лизгајте се по ѕидот се додека не почувствувате затегнување на мускулите.  Кога ќе почувствувате затегнување останете во таа положба положба 1 мин

Вежба бр. 4

  • Застанете исправено, на болна нога свиткана во колено под 40 степени
  • Околу коленото поставете лента со благ отпор
  • Потоа свитканата нога ја исправувате максимално, без да го одвоите стапалото од подлогата
  • Оваа вежба повторете ја минимум 10 пати

Вежба бр. 5

  • Легнете на грб, под колената ставете пенес цилиндар
  • Подигнете ја болната нога до максимално истегнување
  • Во таа положба останувате неколку секунди
  • Оваа вежба повторете ја минимум 10 пати
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial