Што ги оштетува зглобовите?

Зглобовите се делови од телото каде се спојуваат една или повеќе коски. Некои зглобови не се движат, како на пример во черепот, останатите овозможуваат движење. Конфигурацијата на зглобот го одредува опсегот на движење. Тие се важен сегмент за мобилност, но што е тоа што ги оштетува?

Прекумерна телесна тежина
Зглобовите се чувствителни на тежина. Секој половина килограм вишок, прави 2 килограми притисок врз колената. Исто така тежината ги троши колковите и зглобовите на нозете, што може да доведе до оштетување и болки. Прекумерната тежина може да доведе до воспаление, и да се јави вкочанетост, болка и оток.

Мобилни телефони
Долгото и често пишување на мобилниот телефон, може да го иритира и искриви палецот. Исто така кога се пишува на мобилниот главата е надолу што пак е лоша положба за вратот и рамената. Секој сантиметар кога се спушта главата надолу ја зголемува оптовареноста на мускулите. Доколку главата е наведната така што брадата е речиси до градниот кош, вратот мора да држи и до 5 пати поголема тежина.

Стрмни и високи потпетици
Високите потпетици изгледаат фантастично, но колку се повисоки, толку повеќе тежината оди нанадред. Мускулите на бедрата треба да работата напорно за да го одржат коленото право, што пак може да доведе до болка. Кога потпетиците се повисоки, доведува до извртување на колената. Ако се носат секој ден, ги зголемувате шансите за остетоартритис.

Погрешни чевли
Износените чевли не им даваат доволна поддршка на нозете и глуждовите. Со тоа притисокот од ударот се префрла на колената, колковите и половината. Исто така секогаш треба да се внимава патиките да бидат соодветни за спортот. Патиките за кошарка се високи што ги заштитуваат зглобовите од превиткување. Доколку пак лакот на патиките или кондурите е премногу висок, ногата не може да се движи природно и може да предизвика болка.

„Пукање“ на зглобовите на рацете
За многумина „пукањето“ на малите меурчиња што се формираат во течноста околу зглобовите, претставува задоволство. И покрај предупредувањата, сепак оваа навика не предизвикува артритис. Но не треба да се практикува. Една студија покажала дека оваа навика може да доведе до оток и слабост во рацете.

Тешки ранци
Без разлика дали е тоа чанта, ранец или кеси со поголема тежина, може да предизвика болка во вратот и рамената. Постојаното оптоварување на само едно рамо, ги преоптоварува мускулите и зглобовите. Доколку ова е секојдневна навика, телото набрзо ќе се пожали.

Несоодветно користење на мускулите
Кога се оптоваруваат малку мускули, зглобовите ја плаќаат цената. Ако треба да се отвори тешка врата, треба да се притисне со рамото наместо со рацете. Кога се подига тежок товар од подот, треба да се наведне и да се свиткаат колената и на тој начин тежината оди на мускулите а не на зглобовите.

Спиење на стомак
Спиењето на стомак, може да помогне со `рчењето, но не и со остатокот на телото. Кога се лежи на стомак, главата се турка наназад и со тоа се компресира `рбетот. Главата исто така останува во една неприродна положба подолго време, за разлика од спиењето на грб. Сето ова врши притисок врз другите зглобови и мускули.

Долго време пред компјутер
Ова може да доведе до болка во вратот, лактите, зглобовите, грбот и рамената. Проблемот не е само лошо држење на телото, туку долго време во една положба, со што мускулите се преоптеретуваат. Исто така се врши притисок врз дисковите во грбот. Кога се седи на столица екранот треба да биде во висина на погледот, за да се тргне товарот од рамената и вратот. Задолжително е движење секој час.

Како да си помогнете?
Редовното истегнување може да помогне во зајакнување на мускулите и тетивите. Исто така тие ќе бидат пофлексибилни. Тоа им овозможува на зглобови да се движат полесно бидејќи им помагаат мускулите, да работата подобро. Тоа е клучот за здрави и стабилни зглобови.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial