Руптура на мускул

Руптура на мускул е повреда каде што доаѓа до делумно или потполно раскинување на мускулните влакна. Настанува како последица на надворешна механичка сила која е поголема од еластичноста и јачината на мускулните влакна. Се јавува кај спортисти во случај на недоволна припрема и загревање пред тренинг како и при неконтролирани вежби на справи во теретана. Може да настане и при извршување на секојдневни активности во домот.

Кои се симптоми на руптура на мускули?
Се јавува одеднаш како остра болка, чувство дека нешто пукнало, вдлабнување на мускулот на место на повредата, оток, хематом (модрица), ограничено движење…

Степени на повреда на мускулот

  • Прв степен на повреда- болка, минимална загуба на мускулните движења (<10% од оштетените мускулни влакна)
  • Втор степен на повреда- болка, помала мускулна сила и функција (10 – 50% од оштетените мускулни влакна)
  • Трет степен на повреда- целосна руптура и оштетување на мускулот и загуба на мускулната функција (50 – 100% оштетена мускулни влакна)

Лекување
Веднаш по провредата се применува методот RICE што опфаќа ставање на ладни облоги, мирување, компресија и елевација на повредениот екстремитет. Целта е да се намали хематомот и да се спречи создавање на сврзно ткиво. Мраз се става во интервали од 30-60 минути во времетраење од 15-20 минути (не се става дирекно на кожа). Се препорачува мирување во првите 3 до 7 дена додека лузната не зацврсти. Доколку се работи за поголем степен на руптура се препорачува да се користат патерици, за да се растерети повреденото ткиво при одење. По овој период потребно е да се направи физикална терапија. Хируршко лекување се препорачува доколку има целосна руптура и голем хематом во мускулот и во случаи каде 50% од мускулните влакна на еден мускул се скинати.

Кога е најдобро време да се почне со спортски активности?
Повторно враќање на спортските активности зависи од степенот на оштетување и може да варира од неколку недели до неколку месеци. Мора да се внимава и да се почне постепено зошто може повторно да дојде до повреда особено во првите две недели.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial