Лумбален појас Лумбамед Плус

4,800.00 ден

Шифра: Lumbamed
Исчисти

Иновативната техника на ткаење со мерино волна дава чувство на пријатна топлина и добро дишење на кожата. Појасот овозможува стабилизација на лумбалниот дел на грбот, а интегрираното перниче и компресивното ткаење даваат масажен ефект што ја подобрува циркулацијата и ја намалува болката без намалување на мускулната сила. Тоа доведува и до подобро држење на телото. Анатомската форма овозможува удобност при движењето и допринесува за спортскиот дизајн и намена на Lumbamed®plus. Поддршката е најизразена при физички активности, а се препорачува да не се носи при подолготрајно седење, спиење или возење.

Големините се одредуваат со мерење на обем на струк (погледнете на скицата):

66-76 см I
76-88 см II
88-101 см III
101-115 см IV
115-130 см V

МЕДИЦИНСКИ ИНДИКАЦИИ: болка во долниот дел од грбот (лумбаго), лигаментозни нарушувања, нарушувања на сакроилијачните зглобови, мускулни нарушувања во пределот на лумбалниот рбет, остеохондроза, спондилоза, спондилоартроза, постдисектомија.

Дополнителни информации

Тежина 0.6 kg
Emotion големини

66-76 см I, 76-88 см II, 88-101 см III, 101-115 см IV, 115-130 см V

Боја

Темно сина

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial