Политика на враќање

ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ/ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД

Производот може да се врати во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката со приложување на фискална сметка, при што производот мора да бидe неупотребуван, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување.

Пакуваните производи се враќаат преку брза пошта, на свој трошок на следнава адреса:

Медикус Хелп ДООЕЛ

 Ул. „Јадранска магистрала“ бр. 165А

1000 Скопје

Во случај на поврат на средства, а без оглед на причината за враќање, Медикус Хелп има обврска враќање на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 02 / 3220 745 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@medicushelp.com.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашиoт оператор ќе ве извести за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

Замената на производот може да ја направите во договор со нашето одговорно лице за продажба. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме контактирајте не на 02 / 3220 745 или испратете емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@medicushelp.com.mk заради понатамошни инструкции за процесирање на вашето барање.

 

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial