Политика на приватност

Податоците што се оставаат на http://medicushelp.com.mk се третираат како доверливи.

Сите податоци за купувачите/корисниците грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Вработените во Медикус Хелп се обврзани да ја почитуваат доверливоста на личните податоци.

Собирање на податоци за услуга веб продажба

За успешно да се користи услугата за веб продажба и за обработка на нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, емаил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

Регистрација за е-маил маркетинг  

Медикус Хелп на својата страна има дел за регистрација во e-mail маркетинг за што е потребно да се остави e-mail адреса. Секој посетител кој ќе остави е -mail адреса потребно е да даде согласност дека неговата e –mail адреса ќе се користи во маркетиншки цели за испраќање на попусти, промотивни и едукативни содржини.

Приватност на податоци 

Во име на компанијата Медикус Хелп се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи и корисници на страната http://medicushelp.mk. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга.

На корисниците им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мејлинг листата.

Како субјект на лични податоци, корисникот/потрошувачот има право во секое време да побара информација за тоа кои нивни лични податоци ги поседуваме, да побараат нивна исправка доколку истите не се точни или да побара нивно бришење. Покрај тоа, може да побара да не се праќа електронска пошта со рекламна содржина на нивната адреса, и нивните лични податоци ќе бидат избришани од нашата збирка на лични податоци.

За остварување на овие права, може да не контактирате на следната мејл адреса: info@medicushelp.com.mk, како и на контакт телефон: 02 / 3220 745.

Medicushelp.com.mk не е наменет за лица под 18 години. Медикус Хелп нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 18 години. Во случај лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да го известат Медикус Хелп.

Политика за колачиња 

Medicushelp.com.mk користи тнр. колачиња „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на тнр. сookies е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.

 

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial