Производи

Мултифункционална перница

Перница со стандардна форма, но со димензии кои овозможуваат повеќе намени како што се гушкање-позиционирање при спиење, употреба како фамилијарна перница (замена за 2 перници) за дупли кревет, поддршка за доење и позиционирање на бебе, поддршка при седење…

Изработена е од парчиња високо квалитетна мемори пена, поставени во две навлаки за поголема удобност и полесно одржување: едната навлака е фротирска со мемори пена, а другата плетена со алое вера. Богатото и квалитетно полнење овозможува поддршка на главата и вратот, а големата должина дава екстра стабилност за рамениците, колената и колковите особено кај луѓето што спијат свртени на страна и бремени жени. Перницата лесно се витка и адаптира според индивидуалните потреби, го намалува притисокот и ја олеснува циркулацијата со што се намалуваат и болките, а навлаката со алое вера дава чувство на мекост и пријатност. Освен за спиење и како поддршка при седење, идеална е за доење и правилно позиционирање на бебиња.

Навлаки: 1 фротир обложен со мемори пена + 1 плетена навлака со алое вера

Шифра : 469
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial