Морфеус ауто CPAP

Апарат за третман на опструктивна слип апнеа, преку автоматска испорака на континуиран притисок во текот на ноќта. Морфеус Ауто CPAP апартот има вграден навлажнувач што овозможува поголема удобност на пациентот.

Ефикасен уред кој параметрите на дишење ги снима на микро SD картичка, со што може да се прати процесот на лекување. Има заштитен аларм кој се активира во случај на прекин на струја или при истекување на воздух. Има функција за намалување на притисокот при издишување на три нивоа.

Морфеус Ауто CPAP апартот има функција за автоматско вклучување и исклучување како и будилник. Овој модерен уред е тивок (ниво на бучава од само 30 db) и има LCD монитор, на кој се следи апнеата, со можност за прилагодување на светлината на екранот.
Се продава во практична торба за складирање. Гаранција 2 години.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial