Производи

Медивен Елеганс до колено CCL 1, CCL 2

Медивен Елеганс – Елегантни терапевтски компресивни чорапи

Се што гледате е убавина. Ефикасната компресија никогаш не изгледала толку добро.

Тајната е во еластичното ткаење. Тоа гарантира поблаго чувство на притисок  додека чорапите ги гушкаат нозете како втора кожа. Медивен Елеганс чорапите се многу пријатни за носење и имате троен бенефит: Вие изгледаат добро, ќе уживате во извонредната удобност при носењето и најважното не го доведувате во прашање медицинскиот ефект. Носете ги најелегантните  Медивен  чорапи и уживајте во чувството на атрактивност и модна елеганција.

  • Дерматолошки тестирани
  • Мек и нежен еластичен материјал за поголема слобода на прстите
  • Достапни во степен на компресија Класа 1 и Класа 2

Карактеристики:

  • Модерни и мошне ефикасни
  • Особено пријатни за кожата, дерматолошки тестирани. Погодни за осетлива кожа
  • Меко ткаење – за поголема слобода на прстите и поголема удобност во пределот на стапалото.
  • Помала пета за да нема набори. И покрај појачаното ткаење кај петата за подолг век, не се чувствува во чевелот
  • Особено широка и мека манжетна кај порабувањето, која овозможува совршено прилегање и ги прави чорапите удобни за носење.

Состав на материјалот:

CCL 1: 34% еластан, 66% полиамид

CCL 2: 39% еластан, 61% полиамид

Шифра : 140, 240

Големини: I, II, III, IV, V, VI, VII

Инфламаторни венски заболувања (суперфицијален тромбофлебит, варикофлебит) со тенденција за умерени отоци

Варикозитети во бременост со тенденција за умерени отоци

Примарни и секундарни варикозитети со тенденција за благи или умерени отоци

Хронична венска инсуфициенција стадиум I со тенденција за благи или умерени отоци/CEAP класификација CI-C3

Профилакса на тромбоза кај мобилни пациенти

После склеротерапија / после операција

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial