Како работи кислородниот концентратор?

Кислородот е неопходен за живот, кој се апсорбира преку дишењето. Меѓутоа, одреден број на луѓе имаат пореметување на дишењето или белите дробови не можат да апсорбираат доволна количина на кислород. Во последните неколку годнин со се поголемата загаденост на воздухот, се зголемува и бројот на заболувања на дишните органи. Главни загадувачи на воздухот се сулфур диоксид, азотен оксид, и пм честички. Заболувањата на дишните патишта имаат последици и врз срцето. Долготрајна терапија со кислород може да ја подобри состојбата на хипоксија, да го подобри спиењето, да ги подобри виталните функции и општата состојба на организмот. 

Што е кислороден концентратор?

Кислородниот концентратор е апарат кој е наменет за кислородна терапија на луѓе на кои им е потребно апсорпција на соодветна количина на кислород. Концентраторот на кислород го зема воздухот од амбиенталната средина, го прочистува при што се добива гас со поголема концентрација на кислород. Кислородните концентратори имаат различна примена во здравството. Течниот или кислород под притисок се опасни за домашна употреба, затоа што се екстремно запаливи и може да доведат до експлозија. Затоа кислородните концентратори се погодни за домашна употреба. Има различни видови на модели, некои од нив може да бидат и преносливи. Терапијата со кислород е една од најкористените во третманот на респираторните заболувања. На тој начин се поттикнува апсорпцијата на кислород од клетките со што се одржува нивниот метаболизам и нормалните физиолошки функции.

Како работи кислородниот концентратор?

Кислородниот концентратор работи така што од амбиенталнио воздух ги остстранува другите гасови и на пациентот му испорачува концентриран кислород за терапевтски цели. За таа цел се користи технологија на апсорпција на притисокот (ПСА). ПСА го одвојува одредениот гас од мешавината на гасови под притисок, земајќи ги предвид молекуларните карактеристики на гасовите. Под голем притисок гасот се привлекува или апсорбира на цврсти површини. Кога ќе се зголеми притисокот, гасот се апсорбира, кога ќе се намали притисокот, гасот се ослободува. Различни гасови се апсорбираат со различна брзина зависно од нивните молекуларни карактеристики. Кога со оваа метод кислородниот концентратор ќе го одвои кислородот од другите гасови, апаратот го ослободува кислородот низ маска, назална канила или континуиран позитивен воздушен притисок (СРАР). Кај новороденчиња, кислородот може да се испушта во инкубатор.

Кој треба да користи кислороден концентратор?

Кислородните концентратори се препорачуваат на луѓе кои имаат пореметување во дишењето при што не добиваат доволно кислород. Во пореметување на дишењето спаѓаат: слип апнеа, хронична белодробна опструктивна болест (ХОББ), емфизем, астма, хроничен или акутен бронхит,  цистична фиброза, пневмонија, белодробен едем, карцином на бели дробови, акутен респираторен дистрес синдром (АРДС), невромускулни пореметувања кои доведуваат до потешкотии во дишењето, пневмокониоза (вдишување на азбест, јаглена прашина), и синдром на хипервентилација кај гојазни луѓе каде што поради притисок на градите што го отежнува ширењето на белите дробови да се „наполнат“ со воздух.

Луѓе без пореметување во дишењето може да имаат потреба од кислороден концентратор во одредени ситуации. На поголема надморска височина концентрацијата на кислород е помала. Како резултат на тоа планирање или скијање на голема надморска височина може да го наруши абсорбирањето на кислород. Што е поголема надморската височина, потешко се дише. Некои планинари страдаат од акутен планински синдром кој се карактеризира со главоболка, вртоглавица, мачнина, повраќање и болка. За секоја употреба на кислордниот концентратор, без оглед дали е од здравствена причина или при планинарање потребна е консултација со лекар. Злоупотреба на кислордниот концентратор може да доведе до експлозија, може да ги исуши дишните патишта и да се развие инфекција. Меѓутоа правилна употреба на кислородниот концентратор може да доведе до подобрување на квалитетот на живот со зголемено ниво на енергија и подобрување на квалитетот на сонот.

Како да знам дали ми треба кислородна терапија?

Симптомите на апсорпција на ниска концентрација на кислород се: брзо дишење, потење, промена на бојата на кожата, чувство на глад на воздух, брзо чукање на срцето, кашлање. Ако сте на голема надморска височина и чувствувате вртоглавица, мачнина и болка веројатно имате потреба од кислородна терапија.

Автор: Д-р Дарко Василевски

За сите прашања во врска со ортопедските производи пишете ни на: sovet@medicushelp.com.mk

Нашиот стручен тим од доктор и физиотерапевт ќе ви одговорат

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial