Како компресијата влијае на спортистите?

Спортската опрема со компресија во последниве години е сè попопуларна кај спортистите, особено спортските чорапи со компресија. Пред да објасниме зошто секој спортист треба да користи компресивни чорапи, да видиме како функционира телото на човекот.

Крвта во вените треба да работи против гравитацијата за да се врати назад кон срцето. Овој природен проток може да биде попречен од неколку фактори: проблеми со циркулацијата, недоволно движење (особено при повреда или хируршка интервенција) или слабост на ѕидовите на вените (венска инсуфициенција). Како последица на ова дел од крвта останува во нозете, што доведува до оток, замор и тежина во нозете, а исто така може да доведе и до формирање на тромб.

Компресија и вени
Компресивните чорапи се ткаени со специјална техника со што се добива градуирана компресија. Самата чорапа притиска на ткивото на ногата а со тоа и на ѕидовите на вените, со цел да се обезбеди подобар проток на крвта и да се спречи акумулација на лимфна течност во потколеницата. Со компресивните чорапи се намалува дијаметарот на потколеницата, а помал  дијаметар на вените значи подобра венска циркулација и превенција од оток.

Компресијата се мери во милиметри на живин столб или mmHg, што всушност го означува степенот на притисок кој го прават чорапите врз ѕидовите на вените. Компресија под 20 mmHg е лесна компресија и може да ја користат здрави лица. Компресија над 20 mmHg мора да биде препишана и следена од лекар.

Компресивни чорапи и спорт
Резултатите од истражувањата направени на спортисти кои користеле компресивни чорапи за време на тренинг покажале подобрување на перформансите. Спортистите кои користеле компресивни чорапи имале помала болка и побрзо опоравување, за разлика од оние кои не користеле компресивни чорапи. Исто така заклучено е дека компресијата помага во намалување на болката после тренингот и за побрзо закрепнување на нозете.

Како да ги одржувате чорапите?
Се препорачува да се перат по секое користење, не само од хигиенски причини туку затоа што со перење се враќа компресијата. За поголема ефикасност се препорачува компресивните чорапи да се менуваат на секои 3-6 месеци.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial