Како да одберете соодветен кревет за домашна нега на пациенти

Доколку имате член во семејството кој е болен или се опоравува од некоја болест, а сериозност на неговата состојба бара домашна медицинска нега, тогаш потребно е да имате и медицински кревет. Овој тип на кревет има многу медицински придобивки што обичниот кревет ги нема.

Медикус Хелп има голем избор на медицински кревети кои можете да ги купите или изнајмите за одреден период, а ние ќе се потрудиме да ви го понудиме вистинскиот за вашите потреби.

Во продолжение ве советуваме на клучните работи кои треба да ги знаете за да изберете медицински кревет според вашите потреби.

МОДЕЛИ НА МЕДИЦИНСКИ КРЕВЕТИ

Медицинските кревети може да се поделат во две основни категории: механички и електрични.

Механички
Механичките кревети се со пониска цена, но имаат помалку опции во однос на позиција на креветот. Механичките кревети се потешки за користење, бараат поголем ангажман кога станува збор на нивно функционирање.

Електрични
Медицинските кревети со електромотор имаат повеќе опции и се поедноставни за управување. Постојат повеќе модели на електрични болнички кревети кои имаат различни опции, но сите тие се полесни за управување во споредба со механичките. Медикус Хелп има електрични кревети кои се бесшумни имаат далечински управувач и се лесни за користење.

Кој кревет да го одберете од овие две категории зависи пред се од потребите на пациентот.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕДИЦИНСКИОТ КРЕВЕТ

Различни модели од двете категории имаат различни карактеристики. Доколку се прашувате каков медицински кревет да купите зависи од вашите потреби и буџет. Во продолжение ви посочуваме некои основни карактеристики и опции:

Транспорт на креветот – без разлика дали се работи за болничка или домашна нега , пациентите мора да бидат сместени во кревет кој е „лесен“ за транспорт и мобилен.

Положба на пациентот – Секој медицински кревет има различни опции во однос на менување на положбата на пациентот, а секој пациент има различни потреби. Така на пример медицинските кревети на Медикус Хелп, освен стандардните функции за подесување на висина глава и нозе, има опции како што се: подесување на висина на целиот кревет или подесување на положбата која овозможува да се подигнат само колената и долниот дел на нозете, а колкот и останатиот дел од телото да остане во лежечка позиција.

Димензии на креветот – кога станува збор за димензиите на креветот, се препорачува да бидат нешто подолги од висината и ширината на пациентот. Секој кревет е прилагоден за различна тежина. Медицинските кревети од Медикус Хелп имаат максимална носивост од 150-200 кг.

Ограда – е битен дел од болничкиот кревет бидејки го заштитува пациентот од пад.

Антибактериски својства – кај лежечки пациенти многу е важно да бидат антибактериски заштитени за да се спречи развој на инфекции. Затоа медицинските кревети се обложени со антибактериски прав или се изработени од антибактериски материјал.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial