Како да коригирате рамно стапало?

Рамно или спуштено стапало е состојба кога доаѓа до атрофија или колапс на внатрешниот свод на стапалото. Како последица на ова целото стапало доаѓа во допир со подот. Рамно стапало може да се јави на едната или двете нозе, а најчесто се јавува кај деца.

Како се дијагностицира?
Рамно стапало може да се дијагностицира дома. Стапалата треба да се потопат во обоена течност и потоа со целата тежина да се застане на бела хартија, по што на хартијата ќе остане отисок од стапалото. Доколку отисокот е полн, тоа значи дека се работи за рамно стапало и дека е потребно да се превземат мерки состојбата да се коригира.

Детална дијагноза може да се добие со скенирање на стапалата на специјален апарат Педометар, што е бесплатно во Медикус Хелп.

Симптоми како последица на рамно стапало
Рамно стапало преставува блага деформација која најчесто може да доведе со некој проблем како:

  • Брзо трошење на чевлите, кое настанува како последица на неправилно одење
  • Подгрбавено држење
  • Болка во долните делови на нозете, петите, колената, колковите или грбот.
  • Отоци на нозете.

Ортопедски влошки за рамно стапало
Ортопедските влошки можат да ги ублажат симптомите од рамно стапало. Тие помагаат на три начини:

  • Го подигнуваат стапалото и коските на ногата на нормално ниво
  • При одење ја распределуваат тежината рамномерно на целото стапало
  • Ги ублажуваат последиците од рамно стапало како што се болка во петите и нозете и подгрбавеното држење на телото.

Вежби за рамно стапало

  • Одете боси секогаш кога ќе бидете во можност. Особено се препорачува одење по нерамни површини како на пример песок.
  • Подигнување на предмети со нозе. Обидете се со прстите на нозете да подигнете предмет како салфетка, пенкало или пинк понг топче. Подигнете го предметот со нога и останете во таа положба 15 секунди. Повторете ја вежбата со другата нога. Се препорачува оваа вежба да се прави 10 минути секој ден.
  • За деца се препорачуваат вежби со помош на сет за рамни стапала, составен од две полутопки и две ролнички со боцкава површина. Играњето со сетот за рамно стапало придонесува за зајакнување на мускулите на целото тело, се подобрува координацијата и балансот на телото, а со самото тоа се превенираат деформитети на `рбетниот столб и на колената.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial