Производи

Ергономска цервикална перница

Изработена од материјал од новата генерација, според медицинската технологија “направено за да биде комфорно”. C100 перницата е придобивка добиена од програмата за развиток на MEMORY полимери дизајнирани за употреба во медицинскиот сектор. Резултатот од научната работа, не само со хемиските компоненти и формули, туку и со ергономските облици, резултираше со изработка на перница која има специјално дизајниран дел за вратната регија. Ефектот MEMORY на материјалот му дава уникатна можност за правилна адаптација на контурите на вратната регија, овозможувајќи му на вратот да потоне полека во пената и да го подобри комфорот во тек на различните фази на сонот. C100 перницата овозможува правилна анатомска линија на вратната регија, давајќи им добра поддршка на вратните прешлени и почитувајќи ги природните кривини на вратниот дел на ‘рбетниот столб, co што се намалува нелагодноста по будењето. C100 перницата благодарејќи на иновативниот облик, обезбедува добар ноќен одмор без разлика дали спиете на страна или на грб во текот на ноќта.

Шифра : C100

Димензија: 50 x 40 x 10 cм

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial