Производи

Електричен медицински кревет со три функции

Електричен медицински кревет со три функции – можност за електрично подигање на делот кај грбот и главата, делот кај колената и стапалата и електрично подесување на висината. Страниците кај главата и нозете се пластични со боја на дрво, а основата на која се поставува душекот е од челична конструкција која ја нагласува прилагодливоста на душекот и овозможува превземање и амортизација на тежината на телото. Креветот е достапен во темно кафеава боја.
За поголема сигурност и удобност на пациентот, на креветот има монтирани странични шини на преклопување, а за полесно позиционирање на креветот монтирани се тркала.  Постои можност за дополнително монтирање на рачка за поткревање на пациентот (трапез).

Шифра : 0808470 (кафеав)

Внатрешна должина и ширина: 202х88 см

Надворешна должина и ширина: 224х96 см

Висина од под: 39,5-57 см

Максимална носивост: 150 кг

Димензија на страници: 129х6х4 см

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial