Производи

Електричен медицински кревет со пет функции

Електричен медицински кревет со пет функции – можност за електрично подигање на делот кај грбот и главата, делот кај колената и стапалата и електрично подесување на висината, поставување на целото лежиште во Тренделенбургова и анти Тренделенбургова позиција. Страниците кај главата и нозете се пластични со боја на дрво, а основата на која се поставува душекот е од челична конструкција која ја нагласува прилагодливоста на душекот и овозможува превземање и амортизација на тежината на телото. Креветот е достапен во темно кафеава и бела боја.
За поголема сигурност и удобност на пациентот, на креветот има монтирани странични шини на преклопување, а за полесно позиционирање на креветот монтирани се тркала.
На креветот е монтиран и сталак за инфузија, а постои можност и за дополнително монтирање на рачка за поткревање на пациентот (трапез).

Шифра : 0806449 кафеав / 0806450 бел

Внатрешна должина и ширина: 200 х 90 см
Надворешна должина и ширина: 218 х 99 см
Висина од под: 35-75 см
Максимална носивост: 200 кг
Димензија на страници: 186 х 14 х 21 см

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial