Производи

Електричен болнички кревет со три функции

Електричен болнички кревет со три функции – можност за електрично подигање на делот кај грбот и главата, делот кај колената и стапалата и електрично подесување на висината. Страниците кај главата и нозете се од АБС пластика, а основата на која се поставува душекот е од челична конструкција која ја нагласува прилагодливоста на душекот и овозможува превземање и амортизација на тежината на телото.
За поголема сигурност и удобност на пациентот, на креветот има монтирани странични шини на преклопување, а за полесно движење и позиционирање на креветот монтирани се тркала.  На креветот е монтиран и сталак за инфузија и држач за уринарен катетер.

Шифра : 0806054

Внатрешна должина и ширина: 194х84 см
Надворешна должина и ширина: 216х100 см
Висина од под: 46-72 см
Максимална носивост: 170 кг

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial