Кариера

Медикус Хелп ДООЕЛ има потреба од Асистент за продажба за Скопје.

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

Асистентот за продажба во Медикус Хелп ја организира работата во продавницата, активно учествува во креирање и спроведување на задачи поврзани со секојдневно функционирање на продавницата. Од кандидатот се бара:

  • Продажба и услуга на клиентите
  • Следење на залихата на производи и учество во процесот на нарачки
  • Прием и организирање на роба во магацин
  • Уплата на дневен пазар од продавницата во деловната банка
  • По налог на претпоставениот извршува задачи надвор од продажниот објект

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

-Минимум завршено средно образование (високо образование се смета за предност)

-Познавање на работа со компјутери

-Искуство во областа на медицина ќе се смета за предност.

-Познавање на англиски јазик

-Познавање на албански јазик ќе се смета за предност

ЛИЧЕН ПРОФИЛ

-Професионален однос кон работата

-Одлични комуникациски способности

-Способност за организација и продажба

-Подготвеност да се одговори на потребите на клиентите за да се задоволат нивните потреби, барања и очекувања.

-Способност за индивидуална и тимска работа;

Ние ви нудиме:

-Вкупно 40 работни часови во неделата

-Бонуси и можност за напредок во кариерата

-Платена едукација

-Одлична работна атмосфера

Огласот е отворен 5 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на e-пошта: info@medicushelp.com.mk

Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.

Форма за аплицирање


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial