АМОЕНА : Што сакаат жените кога купуваат градник?

Повеќето жени бараат градник кој нема да го „чувствуваат”. Со други зборови бараат удобност.

За овие 45 години од нашето постоење, како лидери во дизајн и производство на долна облека за жени по мастектомија, научивме што жените бараат од градникот. Одговорот е многу едноставен- удобност.

Секако, важно им е градникот да биде со убав дизајн како поттик за самодовербата. Но она што е најважен критериум е градникот да им е по мерка, удобен и пријатен за носење.

Градниците од Амоена се изработени со уникатни технологии и ќе ве воодушеват со нивната удобност:

  • Амоена е препознатлива по градниците со мека корпа или „без жица“. Постојат голем број на модели и дизајни без жица кои даваат совршена потпора.
  • Ние се грижиме сите додатоци, ремени, прилагодувачи и украси да бидат соодветно поставени да не се виткаат и изместуваат или да не ве натераат да кажете „УФ“. За сите техники на изработка прочитајте на следниот линк.
  • Имаме повеќе модели на градници во нашата колекција. Овие градници се идеални за спиење, одмарање, но исто така ви даваат поддршка и можете да ги носите и надвор од домот.

Нашите дизајни за долна облека се фокусирани на удобноста и заслужуваат да бидат забележани.

Ние сакаме да го пронајдете совршениот градник кој најдобро ви одговара.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial