8 ефикасни начини да го намалите отокот во нозете и зглобовите

Постојат многу причини зошто се јавува оток во нозете, вклучувајќи бременост, долготрајно седење во една положба, стоење подолго време, лекови и прекумерна тежина. Иако отокот во нозете и зглобовите (доколку не е поврзано со некоја болест) не е штетно, може да биде болно и непријатно!

1. Земете додаток на магнезиум
Недостаток на магнезиум може да предизвика едем. Многумина со редовно земање на суплементи со магнезиум, успеале да го решат проблемот со оток во нозете.

2. Масажа
Професионалната масажа на нозете ја подобрува циркулацијата и помага да се намали отокот. Масажа на нозете треба да се практикува најмалку три пати месецно кај професионален физиотерапевт.

3. Пливање
Пливањето може да помогне нозете да се ослободат од отокот. Притисокот на водата ја подобрува циркулацијата, но исто така на телото му дава мала пауза од гравитацијата.

4. Пијте доволно вода
Покрај тоа што треба да се плива, многу е важно да се внесува доволно вода. Солта е една од главните причини зошто нозете отекуваат. Со внесување на вода, солта се разредува. Потребно е минимум 8 чаши вода дневно.

5. Чај од магдонос
Чајот од магдонос е природен диуретик, така што помога да се исфрли вишокот течности од телото. Чајот се подготвува не следниот начин: во зовриена вода се додаваат 2 лажици сушен магдоност. Садот се покрива и се остава да остои во текот на ноќта. Потрено е да се пијат три чаши чај од магдонос еден ден, па се прави пауза од 3 дена и се повторува постапката. Ова се практикува додека отокот не се повлече.

6. Подигнување на нозете
Гравитацијата едноставно е непријател кога станува збор за отокот во нозете. Затоа е потребно да се подигнат нозете и да се остане во истата позиција најмалку 15 минути. Идеална позиција е да се подигната нозете над нивотот на срцето. На работното место се препорачува одвреме навреме нозете да бидат подигнати.

7. Компресивни чорапи
Компресивните чорапи се одлична превенција од оток и болки во нозете, особено за лицата кои цел ден стојат. Ја подобруваат венската циркулација и на крајот од денот резултатот е одморени и нозе без оток.

8. Вежбајте јога
Јогата е одличен природен начин за подобрување на циркулацијата. Постојат посебни вежби со кои се превенира ототкот во нозете.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial