Зошто е потребен скен на стапало?

Честопати ги потценуваме нашите стапала и како на нив влијаат тесните чевли, високите потпетици… Повеќето не обрнуваат внимание на раните предупредувачки знаци на болка и повреда. Нашите нозе секојдневно се подложни на траума, и затоа треба да внимаваме на нив бидејќи заслужуваат посебна нега и грижа.

Што е скенирање на стапало?
Преку скенирање може да се добијат информации за формата, големината, точките на притисок и движењето на стапалото. Затоа се препорачува најмалку еднаш годишно да се скенираат нозете. Скенирањето на најсовремениот апарат Pedomedic е бесплатна услуга која ќе ви ги даде потребните информации за лакот, точки на притисок, и детална анализа на движењето. Можете да разберете зошто чувствувате болка не само во нозете, туку и во другите делови до телото. Запомнете нозете се основата за здравјето на целото тело.

Предности на скенирање на стапало
Без разлика дали сте спортист, дијабетичар, стоите или седите подолг временски период, скенирањето ќе ви ги даде потребните информации за состојбата на вашето стапало. Предноста на овој апарат е што според резултатите може да добиете индивидуално изработена влошка која ќе ви помогне да се намалат болките и да се направи корекција на држењето на стапалото, да се распредели притисокот и да се оптимизираат одредени движења.

Скенирањето е бесплатно и можете да го закажете на телефонскиот број: 071 260 486

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial