Рекоа за нас

Медикус Хелп се традиционални соработници и пријатели на Здружението на Физиотерапевти на РМ. Нивниот богат асортиман на најсовремени и квалитетни производи, ортопедски помагала и реквизити за спортисти и рекреативци се важен дел од секојдневната пракса на нашите колеги.
Ни помагаат во рехабилитацијата на нашите пациенти, но и во нашата мисија за подигање на свеста кон физичката активност на населението од заедницата.
ЗФРМ и Медикус хелп за поквалитетна физиотерапија и за физичка активност до подобро здравје!

Здружение на Физиотерапевти на Република Македонија

Бидејќи поголемиот дел од денот го поминуваме во седечка положба пред персоналните компјутери, решивме да набавиме соодветни столчиња. Истражувавме што е најдобро, што е ново и дојдовме до информација дека физио топката е идеална замена за класичното канцелариско столче. Ги набавивме од Медикус Хелп и веќе неколку месеци ги користиме. Многу бргу се навикнавме на нив, навистина овозможуваат правилно држење на телото, а воедно и вежбање.

Калин Бабушку/Петар Лазарoв/ Македонија Експорт

За убав естетски резултат потребни се и квалитетни производи. Благодарение на Медикус Хелп во Македонија го имаме најизвесниот светски бренд за импланти, кои ги користам за естетска и реконструктивна хиругија на дојка.

Др.Огнен Даскалов – Субспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија, ПЗУ “Др.Даскалов “

Долгогодишен поддржувач и пријател на Борките во многубројни активности и настани, организирани од нашето Здружение во борба против карциномот на дојка. Благодарност до Медикус Хелп. Заедно сме посилни!

НВО БОРКА – За секој нов ден

“Медикус Хелп“ од Скопје е официјален соработник на федерацијата во делот на набавка на спортски медицински помагала и сите други неопходни средства за потребите на кошаркарските репрезентации на Македонија. Медикус Хелп од Скопје, шест (6) години е соработник на Македонската кошаркарска федерација и секогаш професионално и навремено го исполнува својот дел од обврските. Македонската кошаркарска федерација е задоволна од соработката со Медикус хелп од Скопје и во иднина ќе продолжи да ја остварува заедничката соработка во набавка на неопходните медицински помагала на сите репрезентативни кошаркарски селекции на Македонија.

Дејан Лекиќ – Генерален секретар на Кошаркарска федерација на РМ

Македонското физиотерапевтско здружение и Медикус Хелп се долгогодишни пријатели кои заеднички се трудат да го подобрат квалитетот на животот на пациентите на кои им е потребна рехабилитација. Физиотерапевтите како водичи во процесот на рехабилитација секогаш имаат потреба од соодветни и квалитетни ортопедски помагала, па затоа тука е Медикус Хелп да ни помогне да го направиме вистинскиот избор.

Заедно до успешна и брза рехабилитација!

Македонско физиотерапевтско здружение
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial