Што вели вашиот `рбет за остеопорозата

Кога остеопорозата ќе ги ослабне вашите коски, постои голема опасност од скршеници, дури и на коските од `рбетот. Овие спинални скршеници, може да доведат до болки во грбот што ќе ви биде тешко да стоите, одите, седите или да подигнете нешто. Доколку имате остеопороза, најдобар начин да ги спречите последиците по `рбетот е да носите специјализиран корсет Спиномед, кој ќе го заштити вашиот `рбет од фрактури.

Симптоми на скршеница на `рбет

  • Ненадејна и тешка болка во грбот
  • Болка која се влошува кога ќе станете или одите
  • Проблеми со виткање на телото
  • Губење на тежина
  • Закривена, наведната позиција на рбетот.

Скршеници во долниот дел од `рбетот често може да предизвикаат поголема болка и проблеми со движењето за разлика од скршениците во горниот дел.

Кој има ризик од скршеница на `рбетот?

Жените постари од 50 години, имаат зголемен ризик од фрактури на `рбетот. Над 80 годишна возраст, 40% од жените имале скршеница на `рбетот. Со стареењето, коските стануваат се послаби, а со тоа и ризикот од скршеници е поголем. Жените и мажите со остеопороза имаат поголем ризик од фрактури на `рбетот.

Како да спречите?

Најдобар начин е да ја превенирате остеопорозата. Доколку веќе имате остеопороза треба да спречите болеста да напредува. Во зависност од степенот на болеста, најдобар начин да превенирате скршеници на `рбетот е да носите специјализиран корсет Спиномед, кој не се забележува под облеката и нема да ви го ограничува движењето. Во исто време го растеретува `рбетот и ги зајакнува мускулите. Исто така Спиномедот се користи и во третман на скршеница и кифоза како последица од остеопороза.

Спиномед – германски квалитет за цврст `рбет

Спиномедот е единствена ортоза за остеопороза со докажана ефикасност. Истражувањето спроведено од германската компанија MEDI, која има 20 годишно искуство во производство на ортози за остеопороза, ги доби следниве резултати:

  • Посилни мускули – Со носење на Спиномедот во период од 6 месеци за 72% се зајакнуваат мускулите на грбот.
  • Корекција на кифоза – По принципот на биофидбек, со користење на мускулите на пациентот, спиномедот овозможува да се корегира кифозата, односно кривината во горниот дел од `рбетот до 11%.
  • Помалку болка – Цврстите мускули и исправениот став значи помалку болка и до 47%.
  • Поцврсто стоење – пациентите кои носат Спиномед се чувствуваат многу посигурни додека стојат. Самата ортоза ги намалува ограничувањето во движењето а со тоа и ризикот од пад до 54%.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial