Што се случува со вашето тело кога носите високи потпетици

Стапала
При нормално чекорење, вашите стапала имаат функција на амортизери кои ја распределуваат тежината и притисокот од телото. И кога овие „инженери“ ќе ги ставите на високи потпетици, поголемиот дел од вашата тежина се пренасочува во предниот дел на вашите мали, деликатни коски на прстите.
• Колку е повисока потпетицата, толку поголемо е влијанието: една студија покажала дека потпетица од 10 сантиметри може да го зголеми притисокот во предниот дел на стапалото за 30% и повеќе.
• Тежината нагло се пренесува од петата кон предниот дел од стапалото. Сето ова доведува до оштетување на коските и нервите, а да не ги спомнуваме плускавците и деформитетите.

Зглобови и листови
• Со носење на високи потпетици вашиот зглоб оди нанапред, па со движењето се намалува циркулацијата во листовите. Резултат на ова е појава на спајдер вени.
• Одењето на високи потпетици исто така ја затегнува ахиловата тетива, која ги зацврстува мускулите во листовите. Доколку носите високи потпетици цел ден може да имате проблеми со одењето на крајот од денот, кога ќе ги соблечете чевлите.
• Со тек на време приврзаничките на стилот можат да развијат и хронично затегнати и скратени тетиви, поради што и одењето на рамно им е болно.

Колена
Функцијата на колената е да го апсорбираат притисокот, а зглобовите на колената се најголемите зглобови во телото. Честата употреба на високи потпетици предизвикува дополнителен стрес во внатрешните делови на коленото што доведува до трошење на коленото, што пак води кон остеоартритис.

Колкови
Кога носите високи потпетици се менува држењето на телото – колковите одат нанапред, грбот се фиксира и градите одат нанапред. Овој познат секси изглед влијае на колковите и тетивите.

Грб
Кога се движите на високи потпетици, вашите колкови се нишаат неприродно – процес кој го нагласува вашиот лумбален мускул. Резултат: болки во долниот дел од грбот.

Совет: Доколку сте од оние жени кои не се откажуваат од модерните чевли на високи потпетици, тогаш зачувајте ги стапалата со специјални влошки. Тие го ублажуваат притисокот и ги заштитуваат вашите стапала, а со тоа и останатите делови од телото кои го носат притисокот од модерните чевли на високи потпетици.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial