Одберете една од категориите

Medicus ortho е подбренд кој содржи ортопедски помагала со висок квалитет изработени по најсовремени технологии. Постојано ги следиме медицинските трендови и потребите на клиентите, со цел да понудиме соодветно помагало за секоја регија од човековото тело. Како дел од ортопедската програма се и специјалните Ортомемори душеци и перници, кои ќе ви овозможат пријатен и удобен сон. Дел од асортиманот на Medicus Ortho се и медицинските терапевтски чорапи и хулахопки со градуирана компресија наменети за проблеми поврзани со нарушена венска циркулација.

Medicus woman – женственост и самодоверба. Специјално дизајнирани производи со иновативен дизајн кои се значајна поддршка за жената во специфичните моменти од животот. Производи од светски реномирани компании, наменети за потребите на жените по операција на дојка, кои ќе и помогнат на патот кон враќање на самодовербата и убавиот изглед.

Нашето водечко мото и наш приоритет е да понудиме помагала кои ќе го олеснат секојдневието и ќе овозможат поквалитетен живот на оние на кои им е најпотребно -помагала кои го олеснуваат движењето и помагала за нега во домашни услови. Во овој подбренд спаѓаат и вниматено одбрани, тестирани и антиалергиски производи наменети за нега и хигиена-влажни марамчиња.

Редовната физичка активност и грижата за сопственото тело се важни фактори за подобро здравје. Инспирирани да помогнеме, го создадовме Medicus active, подбренд кој содржи производи за подобрување на физичкото здравје како и за превенција. Производи наменети за професионални и рекреативни спортисти, но и за сите оние кои водат грижа за себе.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial