Предности од пливањето после мастектомија

Дали смеам да пливам после мастектомија?
Одговорот е „ДА“.

Пливањето по мастектомија е одличен начин да ги вежбате главните мускулни групи и да избегнете мускулна атрофија што е најчеста кај пациентките после операција кои подолго време лежат. Кога вашиот лекар ќе ви препорача да почнете со умерени вежби, тогаш пливањето е најдобар начин. Многу лекари пливањето го препорачуваат како најбезбеден начин да почнете со вежбање после операција.

Една од најголемите предности на водата е што не прави притисок врз мускулите и зглобовите. Исто така има ефект на ладење кој ја одржува телесната температура што е особено важно за жени кои се соочуваат со топлотни бранови како последица на хемиска или природна менопауза.

Пливањето ги зајакнува мускулите и ги согорува калориите
Пливањето го зајакнува стомакот, грбот и рамената и со тоа ја намалува непријатноста во грбот. Со зацврстување на мускулите на стомакот, рамото и градите побрзо ќе се опоравите после операција. Големи се и кардиоваскуларните придобивки од пливањето, со што ќе ја подобрите работата на срцето-најважниот мускул во вашето тело. Исто така пливањето ги согорува калориите. Можете да пливате со темпо кое вие ќе си го наметнете и да застанете кога ќе се чувствувате уморни.

5 совети за пливање после мастектомија

Не пливајте повеќе од 20 минути. Пливањето во место е добро за целото тело. Пливањето на гради е корисно за тонирање и затегнување на мускулите на нозете. Грбното пливање помага да се зајакнат мускулите на грбот.

Задолжително загревање и истегнување пред пливањето. Одвојте пет минути да ги загреете и истегнете мускулите. Овие вежби можете да ги направите и во вода. Почнете со блага прошетка или џогирање во вода за да му помогнете на вашето тело да се прилагоди на водата.

Не се прегревајте. Промените на вашето тело може да бидат чувствителни на топлина, па затоа секогаш бидете внимателни. Доколку пливате на отворено на висока температура, пливајте во раните утрински часови или подоцна во текот на денот за да го избегнете топлото.

Не претерувајте. Ако се чувствувате уморни тогаш запрете. Треба да бидете опуштени, а не да бидете заморени. Сега не е време да ја зголемите кондицијата.

Пред да започнете со пливање или некоја програма за вежбање, секогаш консултирајте се со вашиот доктор. Ако не сте пливач, обидете се со нежни вежби за вода, како што се кружни движења во место кои ќе го имаат истиот ефект.

Дали можам да носам костим за капење?
Повторно одговорот е “ДА”.

Доколку имате протеза, постои специјална програма на костими за капење кои се наменети за жени после мастектомија. Костимите за капење се со модерен дизајн и не се приметуваат недостатоците.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial