Ортопедски помагала – медицинска потпора на вашето тело

Ортопедските помагала се наменети да ја ублажат болката и да дадат соодветна потпора на вашето тело. Нивната ефикасност при болки во зглобови, грбот, скршеници и останати ортопедски состојби и болести е незаменлива. Се користат по препорака на лекар по хируршка интервенција, при рехабилитација од повреда како и за намалување на болките во одредени делови од телото. Во продолжение ви објаснуваме за најчестите ортопедски помагала и во кои состојби се користат.

Помагала за `рбетен столб
Помагалата за `рбетен столб овозможуваат потпора на `рбетот од вратот па се до делот околу појасот. Тука спаѓаат:

Шанцова јака – обезбедува поддршка на вратот при спондилоза, оштетување на меките ткива, остеоартритис, напнатост на вратните мускули, искривеност и повреди на вратот. Постојат повеќе видови кои се наменети за различни состојби, прилагодливи за секоја индивидуа, што обезбедуваат удобност и пријатност при носење и спиење.

Корсети – се наменети за поддршка и растеретување на `рбетниот столб. Се користат за превенција и корекција на кифози, сколиози, при скршеници и повреди на `рбетниот столб, како и при неправилно држење на `рбетот. Сите ортопедски корсети се пријатни и удобни, се носат под облеката и го држат `рбетот во правилна положба во текот на целиот ден. Постојат во различни големини и лесно се прилагодливи за секоја индивидуа.

Помагала за горни екстремитети

Ортози за подлактица – се користат за фиксација на подлактицата при скршеници, деформитети на зглобовите од ревматска болест, повреди на мускулите и тетивите како и при одредени заболувања. Овие протези изработени се од специјален материјал кој во исто време дава цврстина и фиксација на раката а внатрешноста е изработена од мек и пријатен материјал кој овозможува удобност при носење. Изработени се во повеќе големини за да се прилагодат на секој пациент.

Помагала за бандажирање
Овие помагала се наменети за поддршка на стомакот, преку распределување на тежината. Се користат за подршка на абдоминалните мускули, после хируршка интервенција на стомак како и во превенција на стомачна кила.

Појас за спуштен стомак – се препорачува после хируршка интервенција на абдомен, по породување или проблеми со хернии (кила). Овозможува блага поддршка на стомакот, а прицврстувањето е со лепенка со која се прилагодува степенот на компресија според потребите на пациентот.

Појас за препонска кила – специјално дизајниран тенок појас кој се користи под долната облека кај мажите. Пријатен за носење и не се забележува под облеката Специјален додаток во вид на перниче нуди потпора на испакнатото ткиво. Постојат два вида за еднострана и двострана препонска кила.

Помагала за долни екстремитети
Ортопедски помагала кои се наменети за потпора на зглобовите, мускулите и тетивите на нозете. Особено се користат за повреди на скочниот зглоб кои се најчести повреди кај спортистите. Тука спаѓаат:

Апарат за потпора на скочен зглоб со метална сандала – се користи при состојби каде е потребна имобилизација на скочниот зглоб при повреди на мекото ткиво на потколеница, скршеници на стапало и глужд како и при хируршка интервенција на Ахилова тетива. Едноставно се поставува, може да се користи и како замена за гипс.

Апарат за корекција на скочен зглоб – се користи пред хируршка интервенција, при стабилни скршеници на потколеница како и при рехабилитација на повреда на Ахилова тетива. Нуди цврста поддршка на зглобот, со што се овозможува повеќе стабилност при движење во текот на рехабилитација.

Подколен пластичен апарат – за растеретување на потколеница при повреди и после хируршка интервенција. Идеална е за повреди како дислокација на глужд, шинување и истегнување на глужд, повреди на мускули и тетиви на потколеници и др.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial