Нега на дијабетично стапало

Дијабетично стапало е болест која се јавува како последица на оштетени крвни садови и нерви кај лица со дијабетес. Започнува со оштетување на помалите, а потоа и поголемите крвни садови – состојба која може да доведе до сериозни проблеми. Ова оштетување на крвните садови е последица на лошо регулиран шеќер во крвта, што доведува до намалена чувствителност на стапалото на болка и притисок а кожата станува тенка и подложна на повреди и рани кои лесно се инфицираат.

Ризик фактори
Дијабетично стапало обично се јавува кај лица кои имаат дијабетес повеќе од 10 години. Почесто е кај мажи, особено кај оние кои имаат лошо регулиран шеќер во крвта. Секоја промена на кожата на стапалото доколку се занемари може да доведе до сериозни последици и до ампутација. Овие лица, покрај оштетени крвни садови имаат оштетување на периферните нерви и не чувствуваат болка, што е првиот сигнал кој се јавува доколку се појават рани кои во почетна фаза може лесно да се третираат. Од друга страна раната тешко зараснува поради лошата циркулација во нозете и недоволната снабденост на ткивото со храна и кислород. Раната лесно се инфицира и доведува до појава на црвенило на кожата, чирови, пукнатини и други оштетувања, на кои веднаш треба да се реагира.

Превенција
За да се превенира дијабетично стапало потребно е секојдневно да се одржува хигиена на стапалото и да се проверува. Доколку се забележи и најмала рана или промена – треба веднаш да се информира лекарот. Нозете после секое миење треба внимателно да се избришат со крпа за да се спречи развој на габични инфекции. Кожата на стапалото редовно треба да се негува со хидратантна крема. Обувките треба да бидат удобни и да не стегаат.

Чорапи за дијабетично стапало
На лицата кои имаат дијабетично стапало им се препорачува да носат специјални чорапи, кои се изработени од фина ткаенина со мала компресија. Кај овие чорапи шавовите се со надворешно порабување за да се избегне триење и оштетување на кожата. Ткаени се со COOLMAX® предиво кое овозможува кожата слободно да дише и да остане сува. Се препорачува за дијабетичари со периферна артериопатија и/или невропатија, за примарна или секундарна превенција.

Анатомски влошки Comfort
Влошките комфорт се дизајнирани за стапала на кои им е потребна поголема удобност, како на дијабетичното стапало. Изработени се од мека и мазна подлога која е антибактериска. Влошката е релјефна и дава блага поддршка на сводот, го распределува притисокот во одередни точки и го стабилизира зглобот. Дизајнот на влошката во комбинација со специјалниот материјал овозможува да се намали болката при одење.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial