Лесни вежби од неколку минути за ослободување од замор и болка во нозете

Ретко кој некогаш не почувствувал замор, отекување и болка во нозете, посебно по напорната работна недела.

Овој проблем им е добро познат на оние кои долго време поминуваат стоејќи, но и на оние кои цел ден го поминуваат во седење. За ослободување на болката и отоците постојат одлични вежби кои нема да ви одземат време, а ќе ви дадат добар резултат по редовно практикување.

Во продолжение, погледнете ги вежбите за кои ќе ви требаат неколку минути, а ќе се чувствувате попријатно во текот на денот:

Вежба 1
– Застанете исправено со споени стапала.
– Поткренете се на прсти највисоко што можете и останете во оваа положба 30 секунди.
– Застанете на подот со цело стапало.
– Повторете 5-10 пати.

Вежба 2
– Направете исчекор со десната нога нанапред.
– На левата нога свиткајте ги прстите и кренете го стапалото како на сликата.
– Останете во оваа положба 30 секунди.
– Повторете 5 пати со двете нозе посебно.

Вежба 3
– Застанете покрај ѕид и потпрете ги рацете на него.
– Десната нога треба да стои назад и тежината да биде на прстите.
– Потоа спуштете ја петата на подот и останете во таа позиција 30 секунди.
– Повторете 3 пати со двете нозе посебно.

Вежба 4
– Ставете специјално топче со боцки за масажа под средината на стапалото.
– Вртете го топчето со стапалото од пета до прсти.
– Повторете 50 пати со двете нозе.

Масажно топче со боцки

Вежба 5
– Седнете на подот, исправете го грбот и истегнете ги нозете нанапред.
– Околу стапалата ставете еластична лента, чаршаф или било каква ткаенина со потребна должина.
– Кренете ги нозете, држејќи ја лентата со двете раце и останете во оваа положба 30 секунди.
– Повторете 5 пати.

Еластични ленти

Вежба 6
– Легнете на подот покрај ѕид (под половината може да ставите ролна од пешкир)
– Спуштете ги рацете покрај телото.
– Кренете ги нозете нагоре така што ќе формирате агол под 90˚од телото.
– Лежете во таа положба 15-20 минути.
– Повторувајте 2-3 пати во текот на денот.

Извор: crnobelo.com

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial