Која е најдобра заштита од повреди ако возите велосипед

Велосипедизмот е физичка активност која го активира целото тело и е одлична кардио вежба за намалување на телесната тежина и обликување на нозете. Но токму нозете се најподложни на повреди. Затоа за секој велосипедист се препорачува да носи компресивни CEP чорапи, кои освен што заштитуваат од повреди овозможуваат повеќе енергија во нозете.

Која е функцијата на компресивните чорапи?

Се сеќавате ли на вашите почетоци, кога по одредено време поминато на велосипед вашите нозе стануваат отечени и болни? Овие спомени ви се навраќаат секојпат кога ќе решите малку подолго да возите велосипед. За повеќето болките и отокот во нозете се нормална појава, но некои „тајното оружје“ го најдоа во компресивните CEP чорапи. Тие го спречуваат нормалното трошење на телото, овозможувајќи подобри перформанси и повеќе време за уживање.

Кои се предностите на компресивните чорапи?

1. Помалку млечна киселина. Kислородот е многу важен за вашите мускули за време на физичка активност. Кога мускулот не добива доволно кислород се создава млечна киселина која предизвикува болки и грчеви во мускулите. Градуираната компресија на CEP чорапите го зголемува притисокот на периферните крвни садови и вените, со што крвта побрзо оди до белите дробови за оксигенација. На овој начин се подобрува циркулацијата во нозете и истовремено се превенира создавањето на млечна киселина, што значи помалку болка.

2. Дополнителна поддршка во нозете. Велосипедизмот е тежок за зглобовите на нозете. За да се спречат повреди и трошење на зглобовите потребно е да се носат CEP компресивни чорапи. Чорапите имаат 100% компресија во делот на скочниот зглоб, што овозможува стабилност на зглобот и заштита од превиткување, повреди и отекување.

3. Висока удобност. После години поминати со обични чорапи, сигурно мислите дека чорапите не може да направт некоја разлика. Но откако ќе почнете да носите CEP компресивни чорапи, никогаш повеќе нема да се чувствувате исто. Компресивните чорапи се направени посебно за левата и десната нога, така што совршено се прилагодуваат на анатомијата на ногата. Тие се одлични терморегулатори, материјалот ја отстранува потта и помага нозете да бидат суви и со нормална телесна температура.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial