Интересни факти за спиењето

1/3 од нашиот живот го поминуваме во спиење

Според едно социо-економско истражување, во просек 32 години поминуваме во спиење (под претпоставка дека живееме 90 години). Тоа е неверојатно нели?

Кој спие најдолго?

Националната фондација за спиење спроведе истражување на неколку илјади лица во САД, Канада, Мексико, Велика Британија, Јапонија и Германија. Резултатите покажаа дека најмалку време во кревет поминуваат Јапонците или во просек 6.5 часа. Најдолго спијат Мексиканците или 7 часа и 6 минути во текот на една ноќ.

Други интересни факти за спиењето:

  • Жените кои немаат деца во просек спијат 7 часа во текот на ноќта.
  • Лицата со поголеми приходи спијат помалку.
  • Лицата од 15 до 20 години најдолго спијат, во просек 7.5 часа.
  • Лицата на возраст помеѓу 41 и 50 години најмалку спијат. Поради ова тие и се лошо расположени, бидејќи расположението зависи од добриот сон.
  • Пензионерите имаат повеќе време а со тоа и подолг сон.

 

Социјалните медиуми го нарушуваат сонот

Не можете да го замислите животот без телефон и социјални медиуми? За жал, вашиот телефон и социјалните медиуми имаат негативно влијание на сонот. Една студија спроведена на Универзитетот во Питсбург и Националниот институт за здравство го истражуваше влијанието на социјалните медиуми врз квалитетот на сонот. Во студијата учествувале лица на возраст од 19-32 годишна возраст. Според резултатите од студијата 30% од 2000 учесници имале проблеми со спиењето. Тоа биле лица кои биле најактивни на Facebook и Instagram.

Дали ви е пријатно?

Спиењето во топла соба може да го намали квалитетот на сонот. Истражувањата покажаа дека најдобра температура е помеѓу 16 и 18 степени. На оваа температура, вашето тело ќе стане термички неутрално, што значи дека може да се лади без потење.

Добар сон преку редовни вежби

Вежбањето позитивно влијае на сонот. Накратко, сите кои вежбаат повеќе од еднаш неделно, спијат подлабоко и подобро.

Повеќе спиете во зима

Теоретски, луѓето имаат повеќе потреба од сон во зима отколку во лето. Причината за поголемата потреба од сон е темницата. Ова особено е проблем во северните региони како Норвешка или Канада. Пократки денови, подолги ноќи, повеќе произведуваме мелатонин (хормон за спиење). Сонцето или дневната светлина, од друга страна го блокира производството на овој хормон.

Витамин Д

Во зима е малку проблем производството на витамин Д. Тој се синтетизира во кожата при изложување на сончева светлина. Ако не сте доволно изложени на сончева светлина, почнувате да се чувствувате уморни и слаби. Добрата вест е што е потребно само 10-15 минути дневно да ги надополните вашите резерви со витамин Д.

Сепак за добар сон потребна е и добра перница. Погледнете ја нашата понуда со ортопедски перници и најспијте се добро.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial