Инструкции како да одржувате долна облека и костими за капење

Упатство за одржување на градници
За да ви трае градникот подолго, треба да го перете рачно. Градниците се изработени од различни материјали со различни инструкции за одржување. Прерамките обично не издржуваат на високи температури. Доколку морате да ги перете во машина, секогаш користете благ детергент и градниците ставете ги во посебни вреќички за перење. Без разлика дали ја перете на раце или во машина, долната облека мора да биде добро исплакнта за да се отстранат сите траги од детергентот. Во спротивно може да ја иритира кожата и да остави жолти траги на ткаенината. Парфемите и дезодорансите исто така може да го оштетат вашиот градник и да остават траги на него. Затоа, напрскајте го омилениот парфем или дезодоранс на вашето тело пред да облечете градник и почекајте вашата кожа да е потполно сува.

Упатство за одржување на костим за капење
На костимите за капење им е потребна посебна нега за да го задржат обликот и интензивните бои подолг период.

Пред пливање

  • Пред да влезете во базен истуширајте се со чиста вода, за вашиот костим за капење да апсорбира помалку хлор.
  • Користете лосиони без масло-маслата може да го оштетат костимот за капење.
  • Доколку се бањате во топли базени или џакузи, носете постар костим за капење. Хемикалиите и долгата изложеност на топла вода може да го оштетат вашиот костим за капење.

По пливање:

  • Исплакнете го костимот за капење во ладна и чиста вода за да ја отстраните солта, песокот и хлорот.
  • За да го отстраните вишокот на вода завиткајте го костимот за капење во чиста крпа и нежно притиснете.
  • Не го оставајте вашиот костим за капење завиткан во крпа, оставете го да се исуши природно и не на директна сончева светлина.

Како да го одржувате костимот за капење

  • Исперете го костимот за капење по користење на масла за тело бидејќи може да го оштети еластинот.
  • Секогаш перете ги рачно во ладна вода и користете благ течен сапун.
  • Исплакнете го добро и ставете го во чиста крпа за да се отстрани вишокот на вода.
  • Не го ставајте на директна сончева светлина зошто УВ зраците може да ги избледат боите.
  • Интензивната топлина може да го оштети материјалот, затоа никогаш не користете фен за да го сушите.

Ако редовно пливате или поминувате повеќе време во топли базени, ќе треба почесто да ги менувате костимите за капење. Секогаш побарајте костими за капење направени од LYCRA® XTRA LIFE кои се поотпорни на хлор. Скоро сите костими за капење од Медикус Хелп ја имаат оваа ознака.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial