Декубитални рани-причини, симптоми и превенција

Декубитални рани претставуваат повреди на меките делови на телото, кои подолго време се изложени на притисок. Се јавуваат како последица на нарушена циркулација, односно кога е прекинато снадбувањето на ткивото со хранливи материи и кислород од една страна и од друга кога нецелосно се отстрануваат метаболните продукти.

Најчесто се јавува на места каде коскените делови се поизразени како што се: петиците, лактите, долж `рбетниот столб, колковите, задниот дел на колената, работ на ушната школка…

Кои се ризични пациенти за декубитални рани?

Ризична група на пациенти за појава на декубитални рани се:

  • Пациенти со кардиоваскуларни болести
  • Дијабетичари
  • Пациенти со метаболни нарушувања
  • Бубрежно болни
  • Анемични…

Покрај болестите како причина за појава на декубитални рани, постојат и надворешни фактори: недоволна хигиена, неудобна положба на пациентот, набори на болничкиот чаршав и болничката облека.

2

Симптоми на болеста

  • Прв симптом како последица на нарушената циркулација се јавува бледило а потоа и црвенило на кожата.
  • Доколку со појава на првите симптоми не се превенира болеста, кожата станува влажна, лигава и почнува да се лупи.
  • Со развој на болеста раната се шири во длабочина и ширина, и може да се јави исцедок на гној и од раната се шири непријатна миризба.
  • Последен стадиум е ширење на раната до коска. Пациентот почнува да чувствува силни болки и може да се јави покачена телесна температура како последица на инфекција.

Превенција

Превенцијата зависи од неколку фактори:

Репозиционирање. Често менување на позицијата на пациентот за да се подобри циркулацијата во ткивата.

Масажа. Се препорачува масажа со кружни движења на лактите, колената, петиците како и на останатите делови каде постои ризик од појава на декубитални рани. При масажа се се препорачува да се користи сапуница, алкохол и талк.

Хигиена. Одржување на личната хигиена на пациентите и нега на кожата.

Антидекубитални перници и душеци. За пациентите кои подолго време лежат потребно е да се користат антидекубитални душеци и перници.

1

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial