Деформитети на стапало како последица на слаби лигаменти

Лакот на стапалото е составен од мускули, тетиви и лигаменти. Функцијата на лакот е да ја распредели целата тежина на телото во три главни точки на оптоварување: пета, палец и метатарзални перничиња. Кога лигаментите се слаби и не можат да ја издржат тежината на телото, настанува рамно стапало кое се манифестира со повеќе деформитети.

  • Коската на петата се извртува навнатре
  • Сводот на ногата е паднат до подот
  • Метатарзалните коски се шират нанадвор


Слабите мускули на нозете и дополнителното оптоварување можат да го израмнат рисот на стапалото. Лигаментите повеќе не можат да ја задржат коската на петата во нејзината природна положба и таа почнува да се извртува навнатре. Во исто време, целиот лак се спушта надолу и метатарзалните коски се шират нанадвор.
Како последица на ова се јавува негативен ефект врз целото тело кој се манифестира со болки во колената, колковите, грбот како и во рамената и вратот.

Ризик фактори и причини

Преголема телесна тежина, преголема спортска активност, слабо сврзно ткиво и недоволно развиени мускули на нозете се фактори кои го зголемуваат ризикот од развој на рамно стапало. Тука спаѓа и:     

Спорт

  • Спортски активности кои вклучуваат интензивно скокање, како кошарка и одбојкa.
  • Интезивно трчање, џогирање, возење велосипед и пешачењe
  • Спортски активности кои вклучуваат брзи промени во насоката на движење, како ракомет и фудбал
  • Спортски активности кои вклучуваат брзи движења, како тенис

Надворешни фактори

  • Несоодветни чевли
  • Предолго стоење или одење

Физички фактори

  • Намалена еластичност на тетивите (кај повозрасни лица)
  • Скратени тетиви или мускули
  • Прекумерна телесна тежина

Како се лекува рамно стапало?

Деформитетите на стапалата се дијагностицираат со скенирање на стапалото при стоење и одење. Според резултатите од скенирањето се одбира типот на влошка и областа на апликација. Индивидуално изработените карбонски влошки Игли можат да го корегираат деформитетот со подигнување на лакот од ногата. Како резултат на ова петата добива потпора и се исправува во нормална позиција.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial