Дарио Ивановски – момчето кое „трча“ кон Олимпијадата во Токио

Има само 20 години и е „сопственик“ на второто најдобро време во Македонија на сите времиња. Нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски настапува рамо до рамо со светската атлетска елита и сигурно „трча“ кон Летните Олимписки Игри во Токио.

Од каде љубота кон атлетиката и колку време го тренираш овој спорт?
Со кралицата на спортовите се занимавам точно 3 години, а таа љубов се роди во моето место на живеење – населба Илинден. Иако се занимавав професионално соборечки спортови, гледајќи го мојот тренер Игор Јакимовски како секојдневно тренира низ нашите локални патишта, побарав од него да му се придружам на некој од тренинзите и да ја почувствувам убавината на овој прекрасен спорт. Тренирајки со него во првите 10-тина дена, тој ми рече дека имам можност и перформанси далеку да стигнам во атлетиката и потоа преминавме на професионално тренирање со трчањето. Таа успешна приказна трае веќе цели 3 години.

Со само 20 години имаш постигнато одлични резултати. На колку трки имаш учествувано и на која си најгорд?
Точно е дека релативно млад и се уште дебитант на нашата атлетска сцена остварив резултати за кои некој да ми кажуваше пред 3 години дека ќе биде така –едноставно немаше да му верувам. Во текот на една сезона имам реализирано околу 30-ина трки на сите можни патеки. На отворено на атлетска патека, во спортска сала на затворено, улични трки, атлетски кросеви и полумаратони, буквално во сите овие дисциплини го имам заслужено своето место во репрезентацијата и баш тогаш кога треба да се трча за својатата татковина го давам својот максимум. Мојата најдрага трка е настапот на Светското првенство во сала кое се одржа во март 2018 година во Бирмингем, Англија, каде настапив рамо до рамо со најдобрите атлетичари во светот на 1500 метри. На таа трка јас го истрчав моето најдобро време на оваа дистанца – 03.51.83 што претставуваше второ најдобро време во Македонија на сите времиња.

Како изгледаат твоите подготовки пред големи натпревари?
Моите подготовки пред големите натпревари се строго професионални и пристапот ми е на највисоко ниво. Претходно со мојот тренер мора да имаме свој план и точно ја прецизираме целта, односно завршните подготовки за успешен настап. Пред сè тука е правилниот распоред на завршните тренинзи, кои мора да се завршат со акумулирање на свежина и максимално ниво на самодоверба пред настапот. Исто така многу значаен фактор е и правилната исхрана и хидратацијата на организмот за да се добие таа потребна свежина, која е неопходна за сигурен старт и настап.

Кој е твојот сон?
Мојот сон е настап на Летните Олимписки Игри во Токио 2020 година. Дотогаш имам уште цели 2 години во кои ќе седокажувам пред спортските авторитети во Македонија дека моето место ќе биде апсолутно заслужено.

Колку компресивните чорапи се важни за еден атлетичар?
Компресивните чорапи CEP Recovery започнав да ги користам од оваа сезона. Искуството и бенефитите од користењето на овие спортски чорапи го покажуваат и моите подобрени лични рекорди, а и рекордите кои ги поставив на државно ниво. CEP Recovery чорапите ги користам и пред и за време на тренинг. Првото нешто што го забележав и почувствував е максималниот комфор кој го чувствувам на моите мускули. Едноставно кажано после секој мој напор и одработен тренинг, влегувам во следниот ден за тренинг максимално свеж во мускулите и подготвен за следните напори, а со самото тоа добивам на самодоверба, нешто што е многу значајно за атлетичарите како мене да вложат максимум и да ги одработат сите поставени цели. Дефинитивно јас сум презадоволен од овие компресивни чорапи и ги препорачувам за спортисти како мене.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial