5 совети како да одберете добра перница

Изборот на квалитетна перница за спиење е многу битен сегмент за здрав `рбет. Во продолжение ви даваме 5 совети како да изберете перница според вашите потреби.

1. Проблеми со ‘рбетот и грбот
Доколку имате проблеми со `рбетот и грбот, тогаш избирањето на ортопедска перница е многу важно. Консултирајте се со вашиот лекар или физиотерапевт. Доколку имате болки во грбот откако ќе се разбудите и доколку причина за ова е перницата – потребно е веднаш да ја замените.

2. Болки и вкочанет врат
Уште една улога на перницата е да ги израмни главата, вратот и грбот во неутрална и правилна положба додека спиете. Ако се будите со болки во вратот – тоа може да биде првиот знак дека треба да земете ортопедска перница. Исто така важна е и висината на перницата, бидејќи со тоа се избегнува притисокот на мускулите во овој дел од телото.

3. Според позицијата на спиење
Перниците навистина придонесуваат за добар сон. Со цел да ја одберете најдобрата перница за вас, размислете за обликот на вашиот ‘рбет како и за положбата во која спиете поголем дел од ноќта.

Спиење на грб – доколку спиете на грб треба да одберете рамна анатомска перница од мемори пена која има дел за поддршка на вратот. Исто така перницата полнета со лушпи од хељда е одлична за оваа положба.

Странично спиење – доколку вашата позиција за спиење е странична, тогаш ви е потребна специјална перница за таа намена. Исто така е здраво да се користи и перница за тело. Со поставување на перницата за тело помеѓу колената додека спиете, вашето тело ќе се чувствува удобно и нема да има потреба да се превртува, бидејќи тежината е рамномерно распределена.

Спиење на стомак – ако е ова вашата позиција тогаш ви е потребна потенка перница, за да обезбедите удобна позиција.

4. Алергии
Доколку страдате од алергии, избегнувајте перници полнети со пердуви. За овој проблем најдобро е да земете перница полнета со лушпи од хељда. Високите концентрации на силициумска киселина во лушпите од хељда се природна дезинфекција против создавање на бактерии и други алергени.

5. Полнење на перница
На пазарот постојат перници со различни полнења, што ви даваат поддршка додека спиете. Најдобра опција ви се перници полнети со мемори пена, или доколку сакате природен производ тогаш ви препорачуваме перница полнета со лушпи од хељда.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial