5 секојдневни навики кои му пречат на вашиот грб

Последните истражувања покажуваат, речиси секој трет човек во текот на животот се соочил со некаков проблем или болка во половината или вратот. Недоволната физичка активност долгото стоење или седење се дел од причините. Но постојат и 5 навики кои секојдневно ги правиме а кои можат да доведат до болка во грбот и вратот.

1. Ја носите со себе работата
Проблем: Тешките торби со лаптоп и документи може да влијаат на вашиот грб. Оваа навика може да ги обликува мускулите околу рамото, да работат повеќе за да се направи баланс. Континуиринариот притисок на рамото може да предизвика болка на краток рок и да доведе до искривување на `рбетот.

Решение: Намалете го товарот, почесто префрлајте ја тежината наизменично на рамената или користете ранец.

2. Седите на вашиот паричник
Проблем: Болката во долниот дел од `рбетот е честа појава кај мажите поради една причина, нивниот паричник. Повеќето имаат навика да го носат паричникот во задниот џеб, а потоа да седнат на него. Во оваа ситуација телото не е правилно поставено. Оваа секојдневна навика може, со текот на времето, да доведе до кривина на `рбетот.

Решение: Користете тенок паричник, извадете го кога ќе седнете.

3. Дигање тежок товар
Проблем: Кога подигате поголем товар, може да предизвикате сериозна болка во грбот.

Решение: Пред да кренете товар од подот, користете ја оваа техника: подигнете го товарот со тоа што тежината ќе биде во нозете а не во половината. Ова ќе го постигнете доколку при подигање на товарот ќе ги свиткате нозете во колена.

4. Навики за спиење
Проблем: Секој има свои навики и положби за спиење. Без разлика дали спиете на страна, стомак или на грб, навиките во спиење може да му наштетат на вашиот грб.

Решение: Ако спиете на страна, задолжително земете перница за тело која ќе ја поставите меѓу нозете, за да ја задржите природната положба на вашиот `рбет, и да ги одморите мускулите.

5. Не вежбате
Проблем: Не е лесно да најдете време за вежбање, но најважен дел за здравјето на `рбетот се цврсти мускули. Мускулите му даваат поддршка на `рбетниот столб и помагаат во стабилизирање и минимизирање на компресивните сили на `рбетот, кои често се причина за болки во грбот.

Решение: Обидете се да најдете време за вежбање. На овој начин ќе го зацврстите вашиот грб, ќе имате повеќе енергија и ќе се чувствувате добро.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial