Актуелно

Нова колекција на компресивни спортски чорапи!

За спортистите најважно е да останат здрави и во добра кондиција. За таа цел СЕР (ЦЕП) со помош на врвни спортисти, познати специјалисти од областа на спортската медицина и искусни физиотерапевти разви потполно нови високо технолошки производи со компресија, кои го штитат и стабилизираат телото и се оптимални за напорни вежби и спортување.

СЕР производите го прават вашето тело посилно, му даваат поддршка кога таа е потребна и на тој начин ги подобруваат перформансите. Овозможуваат подобро заздравување по напорен тренинт или спортски натпревар, ги активираат мускулите и спречуваат повреди, ја подобруваат циркулацијата, ги штитат тетивите и лигаментите, ги намалуваат мускулните вибрации. Исто така го зголемуваат крвниот проток во мирување, ја забрзуваат регенерацијата и се совршен придружник на долги патувања.

Компресијата овозможува подобрена циркулација и забрзано отстранување на отпадните продукти (лактати). Тоа значи помалку болка, нема уморни нозе. Истовремено се добива повеќе енергија и рекордно скратено време за следен тренинг или натпревар.

 

RUN SOCKS 2.0

3

Главен производ во линијата на СЕР, со метатарзална компресија за одлична поддршка и неспоредлив комфор. Благодарение на компресивното ткаење овозможуваат стабилизација на мускулите и зглобовите и заедно со зголемената циркулација спречуваат повреди.

Карактеристики:

  • 20-30 mmHg притисок во пределот на скочниот зглоб
  • 18 mmHg притисок по целата должина на потколеницата
  • Совршено анатомско вклопување
  • Микрофибер технологија за супериорен комфор
  • Оптимално закрепнување и перформанси
  • Максимална стабилност на зглобовите и мускулите за да се спречат повреди
  • Антибактериски
  • Анти шок зони за да се намали притисокот онаму каде што е потребно

 

RUN ULTRALIGHT SOCKS

2

За амбициозни спортисти, направени од екстра-силна компресија за максимални перформанси, што води кон подобрена координација и побрзо закрепнување.

Карактеристики:

  • Екстремна издржливост благодарение на употребата на филаментозни влакна
  • 20-30 mmHg притисок во пределот на скочниот зглоб
  • 18 mmHg  притисок по целата должина на подколеното
  • Оптимално управување со топлина и влага благодарение на употребата на полипропилен кој не апсорбира влага
  • Совршено анатомски прилагодени за максимален ефект
  • Антибактериски

 

SOCKS FOR RECOVERY

1

СЕР чорапите за закрепнување се идеални за подготовка на вашите мускули пред тренинг или натпревар и за закрепнување по тренинг или натпревар. Специјалната техника на компресивно ткаење овозможува подобрување на циркулацијата и максимален комфор на вашите нозе. Нивната употреба овозможува помалку болки во мускулите пред или по тренинг или натпревар, а исто така се совршени за секојдневна употреба и патување.

Карактеристики:

  • Совршен анатомски дизајн
  • Погодни за време и помеѓу спортски активности
  • Целодневна употреба (долго седење или стоење)
  • Идеални за патување (автобус, авион)
  • Квалитетни материјали кои овозможуваат екстремна издржливост
  • Оптимално управување со топлина

 

RunSocks20_Poster MK 850 x 1200