За нас

plava

Определбата на Медикус Хелп е понудата на ортопедски помагала за секој човек да биде разновидна и квалитетна. Сакаме доколку постои болест, привремена или трајна, да ја олесниме со соодветно помагало кое ќе значи подобро секојдневие. Нашата определба е и да помогнеме во превенцијата од појава на деформитети кај младата популација. Увезуваме најквалитетни и најсовремени сертифицирани ортопедски помагала.

Претставници сме на реномирани производители, чии производи се актуелни на пазарите ширум цел свет. Нашите производи нудат квалитет, самодоверба, сигурност и совладување на препреките со кои се соочуваат нашите клиенти. Редовно ги посетуваме светските саеми, ги следиме новините и трендовите во светот на ортопедските помагала и постојано го зголемуваме нашиот асортиман.

За да овозможиме полесна пристапност на ортопедските помагала ширум Македонија отворивме специјализирани продавници во повеќе градови, од кои две се во Скопје, како и Дирекцијата со магацински простор. Останатите продавници се лоцирани во Охрид, Битола, Тетово, Гостивар, Штип, Кавадарци, Струмица и Куманово.

Сите наши продавници се најсовремено опремени и лесно и ефикасно можат да одговорат на сите ваши барања. Во нив може да добиете врвна услуга од нашиот кадар кој константно работи на свое усовршување преку едукации и најразлични курсеви.

 

rozevo

Розевата страна на Медикус Хелп и симболот на женственоста и самодовербата ја пресликува Жена центарот. Единствен во Македонија и на голема радост на жените – сѐ на едно место. Во пријатна и топла атмосфера со асистенција на обучен кадар, жената може да проба и лесно да го одбере помагалото кое и е потребно.

Медикус Хелп е екслузивен застапник и дистрибутер на Амоена од Германија и Ментор, САД едни од светски познатите производители на помагала наменети за жени кои имале операција на дојка. Во Жена центарот се добредојдени сите жени кои имаат потреба од било какво помагало по мастектомија, имаат потреба од перики и најразлични текстилни додатоци кои во позитивна и пријатна атмосфера ги негуваат вашите потреби и помагаат за вашето здравје.

 

zelena

Првата љубов на Медикус Хелп се производите за нега и хигиена. Тоа се производите за одржување на хигиена и нега на кожата (влажни марамчиња), производи за нега на ушната школка (Ауриген), чешелот Ниска за механичко отстранување на вошките.

Брендот на влажни марамчиња Бебиситер, Фреш и Фреш, Медикус Хелп му е познат речиси на секој купувач.

Состојките на овие производи се внимателно одбрани, тестирани и антиалергиски. Влажните марамчиња се специјално направени за постојана нега и хигиена на нежната кожа на бебињата и целото семејство. Произведени по највисоки стандарди без вештачки бои, алкохол, пигменти, неутрални се за кожата, избелени без хлор и се дерматолошки испитани. Фактот што сите овие производи опстојуваат веќе 20 години на македонскиот пазар, говори за нивниот квалитет и доследност.

Наша единствена цел е задоволството на нашите купувачи.
Медикус Хелп е пријател на вашето тело, пријател на животот.

Рекоа за нас

fizioterapevti

ЗФРМ и Медикус Хелп се долгогодишни пријатели кои заеднички се трудат да го подобрат квалитетот на животот на пациентите на кои им е потребна рехабилитација. Физиотерапевтите како водичи во процесот на рехабилитација секогаш имаат потреба од соодветни и квалитетни ортопедски помагала, па затоа тука е Медикус Хелп да ни помогне да го направиме вистинскиот избор.

Заедно до успешна и брза рехабилитација!

Здружение на Физиотерапевти на Република Македонија
macedonia-export

Бидејќи поголемиот дел од денот го поминуваме во седечка положба пред персоналните компјутери, решивме да набавиме соодветни столчиња. Истражувавме што е најдобро, што е ново и дојдовме до информација дека  физио топката е идеална замена за класичното канцелариско столче. Ги набавивме од Медикус Хелп и веќе неколку месеци ги користиме. Многу бргу се навикнавме на нив, навистина овозможуваат правилно држење на телото, а воедно и вежбање.

Калин Бабушку/Петар Лазарoв/ Македонија Експорт
daskalov

За убав естетски резултат потребни се и квалитетни производи. Благодарение на  Медикус Хелп во Македонија го имаме најизвесниот светски бренд за импланти, кои ги користам за естетска и реконструктивна хиругија на дојка.

Др.Огнен Даскалов – Субспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија, ПЗУ “Др.Даскалов “
borka

Долгогодишен поддржувач и пријател на Борките во многубројни активности и настани, организирани од нашето Здружение во борба против карциномот на дојка. Благодарност до Медикус Хелп.  Заедно сме посилни!

НВО БОРКА – За секој нов ден
mkf

“Медикус Хелп“ од Скопје е официјален соработник на федерацијата во делот на набавка на спортски медицински помагала и сите други неопходни средства за потребите на кошаркарските репрезентации на Македонија.  Медикус Хелп од Скопје, шест (6) години е соработник на Македонската кошаркарска федерација и секогаш професионално и навремено го исполнува својот дел од обврските. Македонската кошаркарска федерација е задоволна од соработката со Медикус хелп од Скопје и во иднина ќе продолжи да ја остварува заедничката соработка во набавка на неопходните медицински помагала на сите репрезентативни кошаркарски селекции на Македонија.

Дејан Лекиќ – Генерален секретар на Кошаркарска федерација на РМ