Вежби

vezbiПочитувани читателки,
oваа брошура претставува збир на информации, кои што може да Ви го олеснат животот, на Вас жените кои сте имале оперативен зафат на градата и имате ризик за појава на лимфoедема на раката и ограничено движење на горниот екстремитет.
Би ни било драго, доколку е можно, ова упатство како да се започне со рехабилитација, да го добиете пред операцијата и да започнете со вежбите веќе во болничкиот кревет. Навременото вежбање ќе овозможи побргу да го постигнете целосниот опсег на подвижноста на рамото на оперираната страна и да постигнете еднаква употреба и на двете раце.Вежбањето позитивно влијае врз протокот на лимфата и го намалува отокот. Исто така го намалува процесот на цикатризација (заздравување на лузната). Брошурата која во моментот ја држите во рацете, се надоврзува на нашата претходна брошура – Самодоверба, сè повеќе. Во неа можете да најдете одговори на прашањата кои се однесуваат на Вашата болест и медицинските помагала кои ви следат по операцијата.
http://issuu.com/medicushelp/docs/amonea_katalog